Емотивно видео на патник на крузерот со хантавирус: Ние не сме само наслови, ние сме луѓе кои имаат семејства


Инфлуенсерот за патувања Џејк Розмарин е на крузерот MV Hondius во Атлантскиот Океан, кој е ставен во карантин по сомневање за појава на хантавирус, ретка, но потенцијално сериозна болест.

На бродот има околу 150 патници и членови на екипажот кои се изолирани со денови, додека медицинските тимови ја следат ситуацијата и се обидуваат да спречат понатамошно ширење на инфекцијата. Според достапните информации, некои од патниците веќе се евакуирани поради нивната здравствена состојба.

Розмарин контактираше преку социјалните мрежи и во емотивна порака рече дека патниците се исплашени и несигурни и дека сакаат само безбедно да се вратат дома.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jake Rosmarin | Travel | Boston (@jakerosmarin)

 

„Инаку, не би направил видео како ова, но исто така чувствувам дека морам да кажам нешто, па затоа запишав неколку мисли. Ние не сме само приказна. Ние не сме само наслови во весникот. Ние сме луѓе кои имаат семејства, наши животи и луѓе кои нè чекаат дома“, рече тој низ солзи.

Во своето обраќање, Росмарин нагласи дека ситуацијата на бродот изгледа хаотична и дека недостатокот на информации дополнително ја зголемува вознемиреноста кај патниците.

„Има многу неизвесност и тоа е најтешкото нешто. Сè што сакаме сега е да се чувствуваме безбедно, да имаме јасни информации и да се вратиме дома. Ќе споделам повеќе информации кога ќе можам, а дотогаш само ве молам за ваша љубезност и разбирање“, додаде тој.

Здравствените власти ја следат ситуацијата, а бродот останува под строг надзор додека не се утврди точниот обем и потекло на инфекцијата.