НБА: Њујорк го зголеми водството, Сан Антонио израмни
Кошаркарите на Њујорк поведоа со 2-0 против Филаделфија во полуфиналната плејоф серија на Источната во НБА лигата, откако синоќа на домашен терен триумфираа со 108-102.
Џејлен Бренсон беше најефикасен во редовите на Њујорк со 26 поени, додека Оги Ануноби реализираше 24 поени.
Во редовите на Филаделфија, која играше без повредениот Џоел Ембид, најефикасен со 28 поени беше Тајрис Макси.
Следниот натпревар во серијата до четири победи е закажан за ноќта помеѓу петок и сабота во Филаделфија.
Во полуфиналната серија на Западот, кошаркарите на Сан Антонио израмнија на 1:1 против Минесота, откако победија во вториот натпревар на домашен терен со 133:95
Најефикасен во Сан Антонио беше Стефон Касл со 21 поени, а Виктор Вембањама додаде 19 поени, како и 15 скокови,
Третиот натпревар е закажан за ноќта меѓу петок и сабота во Минеаполис.