Скалони за повредата на Меси: Не е толку лошо, ќе го следиме неговото закрепнување


Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, информира за состојбата на напаѓачот Лионел Меси.

– Првичните резултати по повредата не се толку лоши. Треба да видиме како ќе се опорави, а исто така да почекаме дополнителни тестови за да ги потврдиме првичните медицински наоди, изјави Скалони за „ESPN“.

Триесет и осумгодишниот Аргентинец беше заменет во 73. минута од натпреварот од регуларната сезона на МЛС помеѓу Интер Мајами и Филаделфија (6:4). Тој во еден момент од натпреварот го зграпчи горниот дел од левата нога пред да побара да биде заменет и да се упати директно кон соблекувалната. На играчот му беше дијагностицирано истегнување на бутниот мускулот.

Меси е вклучен во проширениот состав на Аргентина за претстојното Светското првенство.

Аргентина ќе игра против Алжир на 17 јуни во првиот свој настап на Мундијалот 2026.