Кристал Палас и Рајо Ваљекано ќе играат за трофејот во Конференциската лига
Екипите на Кристал Палас и на Рајо Ваљекано ќе играат во финалето на Конференциската лига. Натпреварот ќе се одржи на „Ред Бул Арена“ во Лајпциг, Германија, со почеток во 21 часот.
Оваа арена беше домаќин на Светското првенство во фудбал во 2006 година.
Во полуфиналето, англискиот клуб го победи Шахтјор Донецк со вкупен резултат 5:2, додека Рајо беше поуспешен од Стразбур со вкупни 2:0.
Во пресрет на финалето, навивачите на двете екипи имаа неколку жестоки судири. Како што објави „Дејли мејл“, навивачите на шпанскиот клуб, исто така, се судрија со полицијата, фрлајќи столови и шишиња кон нив. По инцидентот, десетици навивачи беа приведени од полицијата неколку часа поради нарушување на јавниот ред и мир.