Австрија ги подигна борбените авиони „Еурофајтер“ поради американски воени авиони


Австриските воздухопловни сили мораа да ги подигнат своите борбени авиони „Еурофајтер“ два дена по ред поради американски воени авиони кои влегоа во воздушниот простор на неутралната земја без дозвола. Инцидентите што се случија во неделата и понеделникот треба да се решат дипломатски, пишува Велт. Два инцидента за два дена Нарушувањата на воздушниот простор беа пријавени […]

Над 110 нобеловци бараат итно ослободување на иранската активистка Наргес Мохамади


Техеран – Повеќе од 110 добитници на Нобеловата награда ги повикаа иранските власти итно и безусловно да ја ослободат активистката Наргес Мохамади, откако поради сериозно нарушено здравје таа е префрлена во затворска болница во Техеран. Во заедничкото соопштение, 112-те нобеловци побараа на Мохамади да ѝ се овозможи континуирано медицинско лекување, предупредувајќи дека нејзиниот живот е […]

Демарш од МНР за бугарскиот амбасадор


На бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска му бил упатен усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“, потврдија од МНРиНТ за МИА. -Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Жељазко Радуков, се […]

Лишени од слобода девет возачи , сите возеле без возачка дозвола


Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка дозвола. Четири возачи во Скопје, двајца во Струга, двајца во Битола и еден во Прилеп управувале возило без возачка дозвола. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични […]

Најстримувани песни и изведувачи на Евровизија на сите времиња


„Arcade“ од Данкан Лоренс од Холандија, победникот на натпреварот во 2019 година, беше најстримуваната песна на Евровизија на сите времиња од страна на Европејците, со повеќе од 1,5 милијарди стримови низ целиот свет на Spotify. Слично на тоа, „Snap“ на ерменската уметница Роза Лин беше втората најстримувана песна, со над милијарда стримови, и покрај тоа […]

Инфлацијата во САД со најсилен годишен скок во последните три години, бензинот поскапе речиси 30 отсто


Растот на потрошувачките цени во САД се забрза во април втор месец по ред, со најсилен годишен скок на инфлацијата во последните речиси три години, што дополнително ги зајакна очекувањата дека американската централна банка нема да ги менува клучните каматни стапки подолго време. Потрошувачките цени во САД скокнаа за 3,8 проценти на годишна основа во […]

Зошто е важно повлекувањето на Шпанија од Евровизија


Виена – Шшанскиот јавен радиодифузен сервис RTVE нема да учествува на Евровизија, ниту ќе ги емитува полуфиналињата на 12 и 14 мај, ниту финалето на 16 мај. RTVE објави уште во септември 2025 година дека ќе се повлече доколку на Израел му биде дозволено да настапи, одлука што ја потврди откако Европската радиодифузна унија, EBU, […]

Пентагон објави колку војната во Иран ги чини САД


Техеран – Војната на САД во Иран досега чинеше 29 милијарди американски долари, изјави денес висок функционер на Пентагон, што е зголемување од 4 милијарди во споредба со проценката презентирана на крајот од минатиот месец. Само шест месеци пред општите избори, на кои републиканците на претседателот Доналд Трамп би можеле да се соочат со тешка […]

ЕК ќе издава повеќе бесплатни сертификати за емисии на стакленички гасови. Заштеда од 4 милијарди евра


Европската комисија објави дека има намера да издаде повеќе бесплатни дозволи за емисии на стакленички гасови за компаниите отколку порано, посочувајќи дека ова би можело да им заштеди на компаниите околу 4 милијарди евра трошоци за емисии на јаглерод. Според новиот предлог на Комисијата, компаниите ќе продолжат да добиваат бесплатни сертификати за околу 75 проценти […]

Ерик Клептон го прекина концертот во Мадрид  откако беше удрен со предмет


Мадрид – Рок-музичката легенда Ерик Клептон го прекина својот настап откако еден обожавател фрли предмет кон него додека настапуваше на сцената. Гореспоменатиот инцидент се случи кон крајот на неговиот концерт во Мадрид на 7 мај. За среќа, Клептон не претрпе никакви повреди, иако предметот (винил плоча) го удри во градите. Сепак, 81-годишниот музичар не се […]

Починато петмесечно бебе донесено на клиника во Скопје


 Рано утрово, петмесечно бебе било донесено без знаци на живот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Случајот во полицијата бил пријавен од страна на медицинскиот персонал на клиниката. Според официјалните информации од СВР Скопје, настанот е пријавен на 12.05.2026 година во 06:05 часот. Таткото на бебето го пронашол своето дете починато во нивниот […]

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“: „’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“


Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди, доколку сакаат да бидат конкурентни и успешни на меѓународните пазари. Растот и развојот на „Алкалоид“ се резултат на децениско инвестирање во производство, истражување и развој, таленти, технологија и во регионална експанзија. Овогодишниот самит на организацијата […]

Во критична состојба е момчето избодено со нож во училиште во Ченто


Деветтоодделенец од Гази Баба е во критична состојба откако врсник го прободел во стомакот со остар предмет. Директорот на Ургентен центар д-р Игор Мерџаноски за весникот Вечер потврдува дека детето е оперирано и е во критична состојба. Полицијата информираше дека е уапсен 15-годишникот кој со остар предмет нападнал ученик во основно училиште во Општина Гази […]

Божиновска на Евроазискиот економски самит во Истанбул: Македонија дел од глобалната дебата за енергетска безбедност


Во услови на глобални кризи енергетиката повеќе не е само економско прашање, туку прашање на безбедност, стабилност и стратешка отпорност на државите – порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во своето обраќање на панелот на тема Energy and Economy in the Post-War World alongside War, Terror, Conflict and Forced Migration на […]

Преку Програмата за намалување на диспаритетите и зголемување на конкурентноста ќе се финансираат 32 проекти


На денешната владина седница беа разгледани и усвоени програмите преку кои за 2026 година ќе се финансираат десетици проекти насочени кон подобрување на условите за живеење, локалната инфраструктура, конкурентноста и одржливиот развој. – Преку Програмата за намалување на диспаритетите и зголемување на конкурентноста за 2026 година ќе се финансираат 32 проекти, со вкупна вредност од […]

М-таговите стануваат подостапни за граѓаните, наплата на патарините преку банкарска или телефонска сметка


М-таговите за наплата на патарините отсега ќе бидат достапни и преку двата најголеми мобилни оператори во земјата – „А1 Македонија“ и „Македонски телеком“. Ќе може да се купат на 24 рати за месечен износ од 49 денари, а наплатата на патарините ќе се врши преку банкарската сметка на корисникот или преку сметката за мобилни услуги. […]

Филипче за ВМРО-ДПМНЕ: Гласаа против НАТО, а сега кажуваат колку е добро членството!


Лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција му забележа на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски дека првин ја премолчел средбата со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, а кога информациите излегле во европските медиуми, рекол дека тоа било само кратка размена на зборови. – Повторно видовме како функционира […]

Хаос во Загреб: Едно лице е повредено во невремето – снег на Сљеме


Силно невреме денеска ги погоди северозападните и северните делови на Хрватска, откако претходно ја опустоши Словенија.  Силен дожд, повремен град и силен ветер го погодија и Загреб, а бурата собори дрвја, оштети покриви и предизвика бројни служби за итни случаи да интервенираат. Дирекцијата за цивилна заштита на Министерството за внатрешни работи објави дека едно лице […]

Д-р Агуши: Да ја поддржиме трансплантацијата, така помагаме на луѓето кои имаат животна потреба од органи


Во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, доктор Азби Агуши, анестезиолог од ТОАРИЛУЦ и болнички координатор за трансплантација, апелира за важноста на донирањето органи.   -Говорејќи за трансплантацијата на органи, мојата порака е да се поддржи овој процес, не поради фактот што има потреба здравствениот […]

Ученици на екскурзија во паркот Гази Баба нападнати и ограбени од малолетници


Тројца ученици кои биле на екскурзија во парк шумата Гази Баба биле нападнати и ограбени од други малолетници. Според информациите на МВР, вчера од основно училиште на подрачјето на општина Аеродром е пријавено дека за време на еднодневна екскурзија организирана преку училиштето во парк шума Гази Баба, неколку ученици биле физички нападнати од неколку други […]