Трамп: Куба бара помош, ќе разговараме за тоа


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Куба „бара помош“ од САД и најави дека ќе „разговараат“ за тоа. Тој ја објави својата порака на социјалната мрежа Truth Social пред неговата посета на Кина оваа недела. „Никој од републиканците никогаш не ми ја спомнал Куба, а тоа е неуспешна земја која оди само во еден […]

Руте: НАТО ќе им се спротивстави на обидите за дестабилизација на Западен Балкан


Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска во Подгорица порача дека Западен Балкан е од големо стратешко значење за алијансата. Тој укажа на постоењето актери, кои се обидуваат да го повлечат регионот назад и да го дестабилизираат нагласувајќи дека НАТО ќе се спротивстави на таквите намери. – Знаеме дека постојат актери што се обидуваат да […]

Алки место затвор да станат правило, а не исклучок – ќе има и електронски регистар


На денешната јавна расправа за Предлог-законот за пробација, министерот за правда Игор Филков  истакна дека новото законско решение претставува значаен чекор кон воспоставување современ, поефикасен и поправеден систем за извршување на санкциите и примена на пробациските мерки. Со законот се зајакнува улогата на пробациската служба и се унапредува организациската поставеност на системот за извршување на санкции. […]

Падна првата оставка во кабинетот на Радев


Асја Панџерова поднесе оставка од функцијата заменик-министер за образование и наука во новата влада на Бугарија, јавува БГНЕС. Во своите причини, таа посочува на јавната тензија што се појави во последните денови. „Не можам да дозволам моето останување на функцијата да влијае на работата на кабинетот, да го попречи спроведувањето на државните политики или да […]

Прв ден од Самитот на Македонија2025: Потребни се забрзан одржлив раст, силно лидерство и заедничка акција за просперитетна иднина на Македонија


Со силни пораки за потребата од забрзан економски раст, институционални реформи, дигитална трансформација и поголемо национално обединување околу развојните приоритети, денеска во Скопје официјално беше отворен годинешниот Самит на Македонија2025. Петнаесеттото издание на Самитот, кое се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“, ги обедини носителите на јавните политики, бизнис-лидерите, претставниците […]

Сега и Абази не чини, ВМРО-ДПМНЕ му бара оставка


Шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој одработува за Филипче, Заев и Ахмети, односно за СДС и ДУИ, донесе контраверзна наредба за запирање на истрагата во предметот поврзан со набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, вреден 167 милиони евра, рече денес на прес конференција пратеникот Антонио Милошоски. Изјавата е реакција на одлуката на […]

Николоски: Само на Коридорот 8 ќе инвестираме 5,5-6 милијарди евра


Македонија само во патната инфраструктура на Коридорот 8 моментно вложува 2,1 милијарди евра, а во делот на железницата следните пет-шест години ќе инвестира над три милијарди евра. Тоа се вкупно 5,5-6 милијарди евра инвестиција само на Коридорот 8 – рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Обраќајќи се на бизнис-форумот „Преку границите“, Николоски […]

Овие три европски земји имаат најмногу плажи со сино знаме


Меѓународното жири за доделување на „Сино знаме“ ѝ додели на Шпанија рекордни 677 знамиња за нејзините плажи, заедно со 111 за марини и шест за туристички бродови. Со неверојатни 794 вкупно, 44 повеќе отколку во 2025 година, медитеранската земја е пред Грција, која доби вкупно 657 и Турција, која доби 625. Валенсиската заедница го предводеше […]

Вавринка и Монфис добија вајлд карти за „Ролан Гарос“


Париз – Трикратниот шампион на Грен слемот „Ролан Гарос“, Швајцарецот Стен Вавринка, и неговиот сонародник Гаел Монфис, кој исто така се пензионира, добија вајлд карти за Отвореното првенство на Франција, објави „ESPN“. Четириесет и едногодишниот Вавринка го освои „Ролан Гарос“ во 2015 година и моментално е рангиран на 125. место.  Триесет и деветгодишниот Монфис, кој […]

Новата унгарска влада најавува дека ќе го воведе еврото до 2030 година


Новата унгарска Влада, предводена од премиерот Петер Маѓар, објави амбициозен план земјата да го усвои еврото до 2030 година и да се врати во главните текови на Европската Унија по долг период на тензии со Брисел за време на владеењето на Виктор Орбан. Новиот кабинет смета дека приклучувањето кон Еврозоната би било симбол на раскинување […]

Леброн за неговата иднина: Немам што да докажам, сè сум направил, сè сум видел


Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, одговори на прашање за неговата иднина по поразот на неговиот тим од Оклахома Сити со 110:115 во четвртиот натпревар од четвртфиналето на НБА плејофот. Договорот на 41-годишникот со Лејкерс истекува на крајот од сезоната. – Мојата иднина? Не знам, очигледно. Сè уште нè боли тој пораз. Вечерва, не […]

Драмски со претставата „Мојот маж“ на РУТА во Сараево


 Синоќа со претставата „Шиндлеровиот лифт“ на домаќинот Камерни театар 55 се отвори седмиот фестивал РУТА, кој се одржува од 11 до 16 мај во Сараево. Во текот на шесте фестивалски дена, публиката ќе има можност да ги проследи и останатите претстави на театрите членки на РУТА: „Мајки“ на Казалиште „Улисис“, „Гидионовиот јазол“ на Београдско драмско […]

Канскиот филмски фестивал 2026 ги враќа холивудските ѕвезди на Ривиерата


Кан – 79-то издание на Канскиот филмски фестивал почнува денес и ќе трае до 23 мај 2026 година, во гламурозниот јужен дел на Франција. Оваа година, францускиот крајбрежен град Кан повторно ќе биде епицентар на глобалната кинематографија, привлекувајќи ѕвезден состав на режисери, актери и филмски ентузијасти од целиот свет. Меѓу главните имиња оваа година е […]

Во Основниот суд во Битола му се суди на Пеце Матевски и вработени од РЕК „Битола“ за тендер за јаловина со фирмата „РУД КОП“


БИТОЛА – Во Основниот суд Битола продолжи судењето за екс директорот на РЕК „Битола“ Пеце Матевски и уште шестмина вработени од комбинатот како и на три службенички од Бирото за јавни набавки од Скопје заради незаконитости во тендер за ископ на јаловина поврзан со изборот на битолската фирма „РУД КОП“-Битола во 2022-2023 година. ОЈО Битола […]

Министерството за култура ги прифати предлозите за вклученост на лицата со попреченост во новата Национална стратегија за развој на културата


 На последната јавна расправа за Националната стратегија за развој на културата 2026 – 2030 и Акцискиот план, официјално беа претставени и дел од мерките за инклузија и пристапност предложени од страна на претставничката на „Абилитист (Abilitist)“, Елизабета Јовановска – експерт за пристапност и добитничка на светска награда за иновативни решенија за отстранување на бариерите за […]

Со багер ископан кокаин закопан во атарот на селото Босилово


Кокаин закопан во земја бил пронајден и одземен во струмичко, откако полицијата ја лоцирала местоположбата каде што била скриена дрогата. Според соопштението, дрогата била ископана со помош на работни машини. СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против три лица, И.Ѓ. на возраст од 26 години од селото Ново Конско, гевгелиско, П.Ч. […]

Како до повисок животен стандард: Таргетирани мерки, инфраструктурни проекти и пообемни реформи, вели Мојсоска Блажевески


За Македонија е важно внимателно да ги следиме очекувањата и движењата и да не преземаме брзи мерки. Инфраструктурни проекти и економски реформи се она што треба да го направи Владата за заштита на стандардот на македонските граѓани, смета извршната директорка на „Македонија 2025“ Никица Мојсоска-Блажевски. По отварањето на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“ […]

Скопјанец пукал во воздух со пиштол од автомобил во движење во Аеродром


Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода 27-годишниот Ф.Д. од Скопје, откако, според информациите на МВР, пукал во воздух со сигнален пиштол од автомобил во движење на подрачјето на општина Аеродром. Инцидентот се случил на 11 мај, околу 16:20 часот, кога осомничениот од патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки пукал во […]

„Телма и Луиз“ на официјалниот постер на Канскиот фестивал


Кан – Официјалниот постер за изданието на Канскиот филмски фестивал 2026 година му оддава почит на легендарниот филм „Телма и Луиз“ – феминистичката авантура со автомобил на Ридли Скот, која премиерно се одржа во Кан пред 35 години. Канскиот филмски фестивал има долга историја на користење на иконски слики од култни филмови како основа за […]

Град Скопје со рекордна реализација на инвестиции во првиот квартал – опозицијата ги гледа како нејзини


Во првите месеци од 2026 година, Скопје бележи значителен напредок во реализацијата на капиталните инвестиции, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на денешната седница на Советот на Град Скопје. Според податоците што ги презентираше, во првиот квартал се реализирани 335,75 милиони денари, што претставува 18,12% од вкупно планираните средства за 2026 година. До април, реализацијата достигнала 464,45 […]