Сега и Абази не чини, ВМРО-ДПМНЕ му бара оставка

ВМРО-ДПМНЕ го повикува шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, веднаш да поднесе оставка поради запирање на истрагата за набавките за ТЕЦ „Неготино“


Шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој одработува за Филипче, Заев и Ахмети, односно за СДС и ДУИ, донесе контраверзна наредба за запирање на истрагата во предметот поврзан со набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, вреден 167 милиони евра, рече денес на прес конференција пратеникот Антонио Милошоски. Изјавата е реакција на одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да ја запре истрагата опротив 13 лица за наводбни злоупотреби при набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“, со која беа опфатени газдата на „Пуцко Петрол“, Васко Ковачевски  и  бизнисменот Ратко Капушевски, сопственик на компанијата РКМ.  

-Ислам Абази, соседот на Али Ахмети од Зајас, си ја одработува добиената функција шеф на ОЈО ГОКК, и по насока на триото Филипче, Ахмети и Заев, донесе одлука да се запре судска постапка во која осомничени меѓу другите беа и членот на СДС и бегалец од правдата Васко Ковачевски, и синот на пратеник од ДУИ, Асмир Јахоски и Ратко Капушевски. Целата јавност во овој скандалозен случај, виде перење на пари, криминал  и труење на животната средина, само Ислам Абази не виде ништо. Постапката е запрена. Бегалецот е слободен. Довербата во правосудството од два проценти, со обвинители како Ислам Абази ќе падне и на еден процент.

Пред неколку часа дознавме дека постапката против Васко Ковачевски и другите, за набавка на мазут е запрена. Обвинителството вели дека немале докази, но зарем бегството на Васко Ковачевски не е доказ или силна индиција дека осомничениот бега од правдата?

Ковачевски не е во Македонија. Побегна кон крајот на 2024 година и оттогаш за органите на прогонот не е достапен. И наместо тоа да биде дополнителна индиција и мотив Обвинителството да го води овој случај, за  обвинителот Абази тоа стана решение да го затвори овој случај. Нема присутен обвинет, нема водење на постапка, особено не ако припаѓаат на спонозорите на Ислам Абази. Ова е трагичната шема по која работат остатоците од власта на СДС и ДУИ во судството и обвинителството.

Да потсетиме дека Антикорупциската комисија утврди дека на фирмата РКМ и биле платени повеќе пари за помалку доставен мазут. Дури 18 илјади тони помалку мазут е скапо наплатен. Парите отишле во нечии џебови, а мазутот не дошол. Дали дел од тие пари отишле кај менторите на Ислам Абази како обвинител?

Сега ни кажуваат дека нема штета. Дека сè било законски исклучок. Дека енергетската криза оправдувала секаква постапка. Н, ниедна енергетска криза не оправдува анекси кои менуваат услови во корист на ист добавувач и плаќање на недоставен мазут. Денес поставуваме три прашања за кои очекуваме одговор:

Прво, зошто Ислам Абази одлучи да ја запре оваа постапка и врз основа на чија проценка? Дали проценката е правна или лукративна?

Второ, зошто запирањето дојде токму сега, додека Ковачевски е надвор од земјата и е недостапен за органите на прогонот?

И трето, дали некој воопшто го побарал сведочењето на сите засегнати страни пред да се донесе оваа контраверзна и лукративна одлука?

Ковачевски треба се врати. Да одговара. Ако е невин, нека го докаже тоа пред судовите, а не преку бегство и лукративно затворање на овој предметот.Ние нема да го затвориме овој случај само затоа што Ислам Абази одлучи на контроверзен начин да го затвори ова досие.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, веднаш да поднесе оставка и да ја остави работата на професионалците, коишто поради таквите обвинители како него, не можат да дојдат до израз во правосудството.