„Телма и Луиз“ на официјалниот постер на Канскиот фестивал


Кан – Официјалниот постер за изданието на Канскиот филмски фестивал 2026 година му оддава почит на легендарниот филм „Телма и Луиз“ – феминистичката авантура со автомобил на Ридли Скот, која премиерно се одржа во Кан пред 35 години.
Канскиот филмски фестивал има долга историја на користење на иконски слики од култни филмови како основа за своите постери, оддавајќи соодветна и нежна почит на историјата на киното.

Постерот, од денес,  па се до 23 мај, љубителите на филмот ќе го видат насекаде на Кроазета за своето 79-то издание, исполнето со ѕвезди и гламур.

Фотографијата од Роланд Неве ги прикажува ѕвездите на филмот Сузан Сарандон и Џина Дејвис на нивниот Форд Тандерберд Кабриолет, и му оддава почит на наследството на првиот феминистички филм за патувања во киното – кој премиерно беше прикажан во Кан на 20 мај 1991 година.

Организаторите на Канскиот филмски фестивал го пофалија филмот (во кој глуми и младиот Бред Пит) за кршење на родовите улоги и предизвикување на филмските конвенции, објаснувајќи дека филмот продолжува да ја одржува релевантноста и денес.

„Овие две незаборавни борци ги сменија пресвртите и срушија неколку родови стереотипи, и општествени и кинематографски; тие отелотворија апсолутна слобода и непоколебливо пријателство; тие го покажаа патот до еманципација кога тоа станува витално“, се вели во соопштението на фестивалот.

„Сеќавањето на ова денес значи славење на веќе поминатиот пат, без да се занемари она што сè уште претстои.“

„Телма и Луиз“ стана хит на бокс-офисот во 1991 година и доби шест номинации за Оскар, вклучувајќи ја и наградата за најдобра актерка за двете главни улоги. Филмот ја освои наградата за најдобро оригинално сценарио за Кали Кури.

Жирито годинмава го предводи јужнокорејскиот режисер Парк Чан-вук. Фестивалот годинава го отвора филмот „Електричниот бакнеж“ на Пјер Салвадори. Добитници на почесните Златни памлми се новозеландскиот режисер Питер Џексон и американската актерка и пејачка Барбра Стрејсенд.