„Гоце Делчев: Љубов и смрт“ од Зоран Спасов Ѕоф доаѓа на 23 април


По романите за Тито и Сирма, од популарниот автор Зоран Спасов Ѕоф, пристигнува нова историска фикција – роман за Гоце Делчев. Новата книга „Гоце Делчев: Љубов и смрт“, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде ексклузивно претставена на отворањето на претстојниот Саем на книгата, на 23 април (четврток), […]

Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути, еве ја целата програма


  Билетите за отворањето на 54. Издание на Мајските оперски вечери, кое ќе се одржи на 9 мај, 2026 година се распродадоа за само 30 минути, потврдувајќи го огромниот интерес и најавувајќи издание што веќе се смета за едно од најважните досега, велат од НОБ. Овогодишното издание носи репертоар што ја поврзува традицијата со современата […]

Не е потрошен ниту еден литар од нафтените резерви, вели Мицкоски


Состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета. Нафтените резерви се такви какви што беа пред почетокот на кризата, не е потрошен ниеден литар – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Следејќи ги цените на берзите на нафтените деривати, рече дека најверојатно цените на горивата во земјата ќе останат исти или ќе бидат намалени.   Во однос […]

Мицкоски не очекува голем ценовен удар, се анализира како да поевтинат производите што поскапеле најмногу


Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека по направените анализи, дојдено е до заклучок дека зголемувањето на цените на производите во малопродажните објекти е приближно 0,4 проценти. Во однос на профитните маржи, тие, вели премиерот, се намалени. За лебот, Мицкоски рече дека таму нема зголемување на цената, туку дури и поевтинување, како и дека во […]

Европската Унија наскоро ќе објави апликација за проверка на возраста


Апликацијата на ЕУ за проверка на возраста за онлајн платформи е подготвена и наскоро ќе биде достапна за употреба, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во среда, додека земјите-членки продолжуваат со плановите за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи. Откако Австралија воведе револуционерна забрана за користење на социјалните медиуми од […]

Техеран подготви одговор на американската блокада: „Ќе ги затвориме Црвеното Море и Персискиот Залив за трговија“


Иранската војска издаде предупредување дека би можела целосно да го блокира поморскиот сообраќај во Персискиот Залив, Оманското Море и Црвеното Море ако САД продолжат да ги блокираат иранските пристаништа. Според полуофицијалната иранска новинска агенција Мехр, генерал-мајор Али Абдолахи, висок командант во Централниот штаб на Иран, Хатам ал-Анбија, изјави дека Техеран би можел да ги затвори […]

И Трамп се откажа од Орбан: „Петер Маѓар е добар човек“


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен поради изборниот пораз на неговиот долгогодишен сојузник Виктор Орбан во Унгарија и изрази позитивно мислење за новоизбраниот премиер Петер Маѓар. Во изјава за „Еј-би-си њуз“, Трамп истакна дека верува оти Маѓар успешно ќе ја извршува функцијата. – Мислам дека новиот човек ќе заврши добра работа – […]

ВМРО-ДПМНЕ бара од СДСМ да не го анализира поразот на Орбан


  Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вели дека СДСМ се однесувал како да е партија во некоја друга држава, а не во Македонија. „Филипче и СДС отидоа до таму, повеќе да ги следат, анализираат и да ликуваат на избори и изборни резултати во туѓи држави, отколку во сопствената. Наместо да се занимаваат со внатрепартиска анализа како партијата ја […]

Ноќеска изгорела спортска обложувалница во Кисела Вода


Ноќеска во 00:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во спортска обложувалница на подрачје на Кисела Вода. Во полицискиот билтен се наведува дека од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид.

Д-р Оз открива: Трамп вели дека Фанта не може да биде лоша затоа што е „свежо цедена“


Д-р Мехмет Оз рече дека Доналд Трамп наводно ја брани својата љубов кон диеталните газирани пијалоци со необичното тврдење дека, ако таков пијалок „убива трева“, тогаш мора да делува и на клетките на ракот. Добро е познато дека Доналд Трамп е голем обожавател на диеталните газирани пијалоци, но и на брзата храна. Д-р Оз го […]

САД повторно ги одложуваат санкциите кон „Лукоил“


Министерството за финансии на САД повторно го одложи рокот за склучување трансакции со меѓународната мрежа на бензински пумпи на рускиот Лукоил, овој пат до крајот на октомври. Општата лиценца беше објавена вчера на веб-страницата на Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД и важи до 29 октомври оваа година. […]

САД: Шумер најави серија гласања во Сенатот за ограничување на воените овластувања на Трамп


Водачот на демократското мнозинство во американскиот Сенат, Чак Шумер, најави дека оваа недела ќе започне процедура за серија гласања со цел да се ограничи воениот авторитет на администрацијата на претседателот Доналд Трамп во однос на војната со Иран. Шумер упати остри критики до Белата куќа, повикувајќи се на уставните надлежности на Конгресот над вооружените конфликти. […]

350 поранешни министри и дипломати бараат суспензија на договорот меѓу ЕУ и Израел


Група од 350 поранешни европски министри, амбасадори и високи функционери ја повикаа Европската Унија да го суспендира Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел, обвинувајќи го Тел Авив за кршење на обврските за човекови права на палестинските територии. Во заедничка изјава во среда, потписниците изјавија дека иако глобалното внимание е пренасочено на други места, израелската […]

Грејната сезона завршува, греењето продолжува под нови услови


Грејната сезона официјално завршува на 15 април 2026 година, информира Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ), по што започнува т.н. преоден период кој ќе трае до 30 април. Според правилата, греењето нема целосно да запре, туку ќе се активира само под одредени услови. Доколку прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР) покаже дека средната дневна температура […]

ДУИ обвинува: „Мастерпланот“ за Чаршијата е тендерска шема за асфалт


Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска упати критики до локалните власти во Чаир обвинувајќи дека долгонајавуваниот „мастерплан“ за Старата скопска чаршија се свел на обична импровизација и сомнителни тендерски зделки.На прес-конференција, Имране Велиу-Алиу истакна дека наместо ветената заштита на автентичноста на Чаршијата има уништување на калдрмата и нејзина замена со асфалт. Според ДУИ, сето тоа […]

(Фото) Падна дел од фасада во Капиштец, нема повредени


Делови од фасада на зграда во Капиштец, на улицата „Народен фронт“, се гледаат на патеката која поминува покрај зградата, во која, на приземјето е сместена банка.  Долги делови од фасада, дебели околу 10-тина сантиметри се паднати по бетонската патека која ја окружува зградата, а која е фреквентна преку ден, со оглед на тоа дека во […]

Мицкоски има чувство дека функционери на претходната влада ќе станат предмет на прогон


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговори на повикот на СДСМ владата да побара екстрадиција на Никола Груевски за да одговара пред правдата во Македонија. „Тоа што имав да кажам, го кажав во текот на вчерашниот ден и немам што да додадам. Мораме во државата да имаме подеднакви услови за сите, без разлика кој бил, како […]

Јовановски ја тепа Ивана пред Кривичниот суд два часа пред да скокне со ќерката од зградата


Во Кривичниот суд продолжува судењето против Стојанче Јовановски, а новите снимки повторно го отворија прашањето за реакцијата на полицијата и институциите. Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжи судењето против Стојанче Јовановски, обвинет во случајот поврзан со смртта на Ивана Јовановска и нејзината малолетна ќерка Катја, што се случи на 2 март во скопската населба Тафталиџе. […]

Пожар во станбен комплекс во Тирана: Најмалку 11 повредени и голема материјална штета (ВИДЕО)


Во Тирана вчера изби голем пожар во станбено-деловниот комплекс „Арлис“, кој предизвика паника меѓу станарите и значителна материјална штета, додека противпожарните служби со часови се бореа со огнената стихија. Според албанските служби за вонредни состојби, најмалку 11 лица се повредени во инцидентот, меѓу кои има и пожарникари. Една жена е примена во болница со изгореници, […]

Поразот на Орбан е лоша вест за Мицкоски, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“


  Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ објавува статија од виенскиот дописник Михаел Мартенс, кој е врвен експерт за Балканот и во која авторот го анализира прашањето што значи поразот на Виктор Орбан за неговите сојузници во регионот. „Смената на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Унгарија е исто така пораз на неговите три најважни политички партнери […]