САД: Шумер најави серија гласања во Сенатот за ограничување на воените овластувања на Трамп
Водачот на демократското мнозинство во американскиот Сенат, Чак Шумер, најави дека оваа недела ќе започне процедура за серија гласања со цел да се ограничи воениот авторитет на администрацијата на претседателот Доналд Трамп во однос на војната со Иран. Шумер упати остри критики до Белата куќа, повикувајќи се на уставните надлежности на Конгресот над вооружените конфликти.
– Да ја наречеме политиката на Трамп кон Иран со нејзиното вистинско име. Тоа не е операција ‘Епски бес’, туку операција ‘Епски неуспех’. Станува збор за колосален неуспех – изјави Шумер пред новинарите на Капитол Хил.
Тој нагласи дека демократите ќе инсистираат на гласање за резолуција за воените овластувања за да се намали военото учество на САД во регионот. Шумер предупреди дека доколку републиканците го блокираат процесот, гласањата ќе се повторуваат постојано додека Конгресот не ја повика администрацијата на одговорност или додека војната не заврши.
Според неговите зборови, веќе се поднесени десет различни резолуции, кои ќе бидат ставени на дневен ред секоја недела доколку е потребно. Шумер потенцираше дека ова е прашање на одговорност кон американските војници, посочувајќи дека од почетокот на операцијата против Иран на 28 февруари, животот го загубиле 13 припадници на американските сили.