Јовановски ја тепа Ивана пред Кривичниот суд два часа пред да скокне со ќерката од зградата
Во Кривичниот суд продолжува судењето против Стојанче Јовановски, а новите снимки повторно го отворија прашањето за реакцијата на полицијата и институциите.
Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжи судењето против Стојанче Јовановски, обвинет во случајот поврзан со смртта на Ивана Јовановска и нејзината малолетна ќерка Катја, што се случи на 2 март во скопската населба Тафталиџе. Постапката е во фаза на изведување материјални докази од страна на Обвинителството, а на наредните рочишта се очекува да се произнесе и одбраната. Покрај за наведување на самоубиство, тој се товари и за загрозување на сигурноста на Ивана и за телесни повреди при вршење семејно насилство.
На денешното рочиште Обвинителството презентираше видео-снимки од 2 март, направени неколку часа пред трагичниот настан, на кои се гледа насилно однесување кон Ивана Јовановска на јавен простор. Од снимките произлегува и дека полицијата дошла на местото, разговарала со присутните, по што сите си заминале.
Внатрешната контрола на Министерството за внатрешни работи во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција достави известување за 39 свои припадници кои погрешно постапиле по пријавите на Ивана за семејно насилство.
Во досегашниот тек на процесот веќе беа презентирани и други снимки и аудио повици, од кои се гледа дека насилството било пријавувано и претходно, а во дел од случаите било регистрирано и од камери. Токму тоа повторно го отвори прашањето дали институциите реагирале навреме и соодветно, иако постоеле пријави, сведоштва и снимени инциденти.
Во предметот се споменува и Мартин Саздов, кој бил присутен во дел од настаните што денес беа прикажани во судница. Воедно, во текот на постапката беа изнесени и информации за повеќе претходни пријави за насилство, како и за начинот на кој биле обработувани од надлежните служби.
Случајот продолжува да отвора сериозни прашања не само за кривичната одговорност, туку и за тоа како институциите постапуваат кога насилството е пријавено, документирано и видливо дури и на јавни мест