Денеска ќе биде мирен и топол ден
Утрово е најстудено во Берово, 3 степени, а максимални 11 се измерени во Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија.
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Во одредени региони ќе дува слаб ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен.
Во Скопје сончево со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 30 степени.