Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути, еве ја целата програма


 

Билетите за отворањето на 54. Издание на Мајските оперски вечери, кое ќе се одржи на 9 мај, 2026 година се распродадоа за само 30 минути, потврдувајќи го огромниот интерес и најавувајќи издание што веќе се смета за едно од најважните досега, велат од НОБ.

Овогодишното издание носи репертоар што ја поврзува традицијата со современата уметничка визија. Од драматичната моќ на „Риголето“, преку интензитетот на „Тоска“, до длабоката емоција на „Мадам Батерфлај“, потоа елеганцијата и трагедијата во „Травијата“, и завршувајќи со спектакуларното финале „Набуко“, секоја вечер е дел од внимателно креирана приказна што ќе го заокружи месец мај.

👉 Погледнете го комплетниот репертоар и обезбедете билети:
https://operabalet.mk/events/list/