Нови семафори кај „Макпетрол“ на излез од Скопје


Фото: Б. Грданоски

Известување за монтажа на нови семафори на булевар„Александар Македонски“на пешачки премин кај бензиска станица „Макпетрол“

Екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје на 07.06.2026г./недела/ со почеток во  08.00часот. ќе изведуваат активности за монтажа на нови портални семафорски столбови на булевар„Александар Македонски“ на пешачки премин кај бензиската станица„Макпетрол“. На истоимениот пешачки премин ќе бидат воведени и нови светлосни сигнали согласно одобрен ОС Проект, кои од неодамна беа оштетени од сообраќајната незгода. Првата фаза на изведба на портална греда ќе биде од страната на влез во Скопје и сите возила ќе се пренасочат кон Клучката за Сингелиќ и Маџари. Втората фаза на изведба на порталната греда ќе биде страната излез од Скопје и сите возила ќе се пренасочат кон улицата „Благоја Стефковски“.

Екипите на ЈП„Улици и патишта“ на горенаведените локации ќе постават сообраќајна опрема и сигнализација, а ќе бидат распоредени и редари. Сообраќајот во неколку часовен период ќе се одвива отежнато, но без прекини, поради тоа апелираме до граѓаните за трпение до завршување на работите согласно предвидената динамика.