Ноќеска изгорела спортска обложувалница во Кисела Вода


Ноќеска во 00:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во спортска обложувалница на подрачје на Кисела Вода.

Во полицискиот билтен се наведува дека од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Извршен е увид.