Мисајлески демантира: Автобуската линија со број 35 не е укината


Советникот во Советот на Град Скопје, Славчо Мисајлески, преку социјалните мрежи реагираше на информациите на Левица дека автобуската линија со број 35 во Град Скопје е укината.  Демант на лажните вести кои произлегуваат од ПП Левица и кои шират паника и вознемиреност меѓу граѓаните, посебно кај најмладата популација, учениците од средните училишта во Град Скопје. […]

Што сака Турција во Иран


Во време на превирања, политичките лидери треба да ги донесат критичните одлуки потребни за да ги одбранат интересите на своите земји. Овие одлуки често се обликувани од институционалното чувство за историја. Ова секако важи за Турција денес, додека се соочува со веројатните последици од војната меѓу САД и Израел врз Иран. Турција и Иран делат […]

Најстудено утрово во Берово, 58 сантиметри снег на Попова Шапка


Четири степени под нулата се измерени утрово во Берово, а на Попова Шапка висината на снежната покривка изнесува 58 сантиметри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Регистрирани се -2 Целзиусови степени во Битола, Струмица, -1 во Скопје-Петровец, Mаврови Анови, 0 во Крива Паланка, Велес, Попова Шапка, Демир Капија, Тетово, Гевгелија, Штип, 1 во Куманово, Прилеп, Охрид, […]

Српските партии во владејачката коалиција на Црна Гора намерно ја блокираат евроинтеграцијата


Црна Гора е најнапредната земја на патот на европската интеграција, но црногорските функционери се чини дека се натпреваруваат кој може најмногу да го забави патот кон Европа. Откако парламентарното мнозинство, и покрај препораките од Брисел, ги усвои контроверзните измени на Законот за внатрешни работи и Законот за Агенцијата за национална безбедност, висок владин функционер во […]

Законот за високо образование нема да се повлекува – наскоро пред Влада


Во предлог-законот за високо образование се вметнати повеќето од забалешките кои стигнаа од засегнатите, а са кусо ќе влезе во владина процедура.  „Законот за високо образование веќе е во крајна фаза, за релативно кратко време ќе биде пуштен во владина постапка. Многу од забелешките кои беа изнесени се вметнати и ќе бидат дел од законот. […]

САД ги укинаа санкциите за руската нафта, но цените и натаму растат


  Министерството за финансии на САД привремено ги укина санкциите за продажба на руска нафта. Укинувањето на ограничувањата ќе биде во сила 30 дена и ќе влијае на нафтата и нафтените производи натоварени на бродови од 12 март. „Оваа краткорочна мерка се однесува само на нафтата што веќе е во транзит и нема да обезбеди […]

Софи, војвотката од Единбург, тајно ги посети САД


Софи, војвотката од Единбург, беше во тивка посета на САД Судскиот циркулар, официјалниот запис на британското кралско семејство за претходните кралски ангажмани, откри дека војвотката од Единбург, 61, отпатувала од Лондон до Њујорк во среда, 11 март, на патување кое не било објавено. „Војвотката од Единбург попладнево отпатувала од аеродромот Хитроу во Лондон за Соединетите […]

Сопругот Дејвид Фурниш за здравјето на Елтон Џон: „Тој продолжува да се бори“


  Елтон Џон е добро, според неговиот сопруг Дејвид Фурниш. Во разговор со Variety во статија објавена на 10 март пред забавата воочи Оскаровската ноќ на Фондацијата за СИДА на Елтон Џон во недела, 15 март, Фурниш даде ветувачки новости за здравјето на пејачот на „Крокодил Рок“. „Тој е одличен. Тој продолжува да се бори. […]

Сабаленка го крена гласот: „Премногу е…“


Белоруската тенисерка Арина Сабаленка рече дека премногу турнири се играат во текот на годината и дека треба да се намалат. Најдобрата тенисерка во светот испрати директна порака до челниците на ВТА. „Лично, јас не би имала никаков турнир во февруари по Отвореното првенство на Австралија, но знаете, распоредот е толку тешка работа. Јас едноставно би […]

Милион евра чинела евакуацијата на македонските граѓани од Дубаи


На страната на системот за јавни набавки од вчера е објавен договорот на Министерството за надворешни работи со операторот за евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток. Се работи договор co преговарање без објавување оглас за јавна набавка, постигнат со Авиалог Дооел за сума од 59.799.900 денари, пренесе Фокус. Претходно министерот Тимчо Муцунски рече дека […]

Алкараз суверено стигна до полуфиналето на Индијан Велс, Медведев го исфрли бранителот на титулата среде контроверзии


  Тенисерот број еден во светот, Карлос Алкараз, стигна до полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс откако го победи Камерон Нори во четвртфиналето со резултат 6:3, 6:4. Во битката за финалето, тој ќе игра против Даниил Медведев, кој во натпревар полн со контроверзии го нокаутира бранителот на титулата Џек Дрејпер со 6:1, 7:5. Актуелниот победник […]

ДУИ бара зголемување на платите за 3.500 денари, замрзнување на цените и ваучери за превоз


Веќе една недела граѓаните се соочуваат со континуиран раст на цените на основните производи и на нафтените деривати. Во овој период Министерството за економија и Владата молчат, без ниту една конкретна мерка за ублажување на притисокот врз семејните буџети, велат од ДУИ. „Од понеделник се очекува ново зголемување на цените на дериватите. Ова директно ќе […]

Воздухот во Дебар често ги надминува препорачаните нивоа на загаденост


Од почетокот на мерењата на квалитетот на воздухот во Дебар, објавени се првите резултати, кои покажуваат дека загадувањето на воздухот во градот често ги надминува препорачаните нивоа за заштита на здравјето. Во околу две третини од мерењата извршени во текот на последните две недели, концентрациите на PM 2.5 честичките биле над границите препорачани од Светската […]

Андоновски на средбата со АВМУ и инфлуенсерите за создавање јасна правна рамка за дигиталните содржини


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вчера одржа работна средба со директорот и претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и со претставници на инфлуенсерите и креаторите на дигитални содржини, со цел отворање дијалог околу состојбите со регулирањето на работењето во овој сектор, а во врска со Законот за аудио и аудиовизуелни […]

Нова студија покажува дека додавањето на оваа храна во вашата исхрана го зголемува ризикот од депресија


Ново истражување сугерира дека честото додавање сол во храната може да биде поврзано со поголем ризик од развој на депресија. Научниците предупредуваат дека прекумерниот внес на сол може да има поголеми здравствени последици отколку што се сметаше претходно. Кинеските истражувачи ги следеле навиките за јадење на повеќе од 15.000 возрасни лица и откриле дека оние […]

ОН: „Репресивниот режим“ во Венецуела се уште е целосно оперативен


Мисијата на Обединетите нации за утврдување факти соопшти дека „репресивниот државен апарат“ во Венецуела е целосно оперативен и по соборувањето на поранешниот претседател Миколас Мадуро, извршено од страна на американските сили на почетокот на јануари годинава. Во извештајот доставен до Советот за човекови права на ОН се наведува дека „институционалните структури кои овозможуваат кршење на […]

Калас: САД сакаат да ја поделат Европа


Шефицата на европската дипломатија и поранешна естонска премиерка, Каја Калас, изјави дека САД сакаат да ја поделат Европа за да ја спречат да стане нејзин конкурент. Во интервју за „Фајненшл Тајмс“ објавено вчера, Калас ги обвини САД дека се обидуваат да „забијат клин“ меѓу европските сојузници по прашања како што се трговијата и односите со […]

Филипче: Наместо мерки за граѓаните, власта сака да профитира од поскапувањето на горивата


Владата наместо да донесе мерки со кои ќе ги заштити граѓаните од ценовните шокови од поскапувањето на горивата, дополнително сака да профитира врз грбот на граѓаните, вели  во интервјуто за неделникот Фокус, претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој посочува дека секогаш кога расте цената на нафтата, поскапува храната и сè друго, како продукти и услуги, […]

Вооружен маж е убиен откако со возило влетал во синагога во Вест Блумфилд, во околината на Детроит


Полицијата на државата Мичиген денеска извести за инцидент со пукање во синагогата Темпл Израел, во Вест Блумфилд, Мичиген, а таа се наоѓа на местото на настанот. Американските медиуми дознаваат дека маж вооружен со пушка влетал со возило во најголемата реформска синагога во САД, во предградието на Детроит, и дека обезбедувањето го убило. Возилото се запали […]

Волстрит: Дау Џонс под 47.000 поени за прв пат оваа година


Акциите беа под притисок во четвртокот, бидејќи цените на нафтата ги зголемија загриженостите за прекини во снабдувањето, а војната со Иран продолжуваше. Индустрискиот просек Дау Џонс падна за 739,42 поени, или 1,56%, затворајќи на 46.677,85. S&P 500 изгуби 1,52% и заврши на 6.672,62, додека Nasdaq Composite падна за 1,78% и заврши на 22.311,98. Сите три […]