Макрон соопшти дека војник загинал во напад врз француските сили во Ирак


Француски војник е убиен, а неколку се ранети при напад во регионот Ербил во Ирак, соопшти денеска францускиот претседател Емануел Макрон. Во пост објавен на својот профил преку социјалната мрежа „Икс“ Макрон посочува дека инцидентот се случил при напад извршен врз француските сили, ангажирани во Ирак за разбивање на екстремистичката група „Исламска држава“ уште позната […]

Чудесен натпревар на Лука Дончиќ, рекорд во дресот на Лејкерси


Лука Дончиќ одигра чудесен натпревар против Чикаго Булс, а неговите Лос Анџелес Лејкерси славеа со 142:130. Словенечката НБА суперѕвезда постигна 51 поен, што е негов рекорд во дресот на Лејкерси, додаде 10 скока и девет асистенции, и со тоа беше на чекор од трипл-дабл за фрлање на соиграч. Дончиќ го достигна врвот на својата кариера […]

ТИТАН Усје: Продолжувањето на А–интегрираната еколошка дозвола се одвива согласно законот и во соработка со надлежните институции


Компанијата ТИТАН Усје до медиумите испрати соопштение во врска со процесот на продолжување на А -интегрираната еколошка дозвола. Соопштението го пренесуваме во целост: Согласно законските рокови, ТИТАН Усје ја поднесе апликацијата за продолжување на А -интегрираната еколошка дозвола до Министерството за животна средина и просторно планирање. При подготовката на апликацијата за продолжување на дозволата, компанијата […]

Во Ирак се урна американски воен авион за полнење гориво, САД спроведуваат спасувачка операција


Американски воен авион за полнење гориво вчера се урна во западен Ирак, во инцидент за кој Централната команда на САД соопшти дека учествувал и друг авион, но не бил резултат на непријателски или пријателски оган. САД распоредија голем број авиони на Блискиот Исток за да учествуваат во операции против Иран. Во соопштението, Централната команда на […]

Сирени се огласија во воздухопловната база Инџирлик, во Турција, што ја користи НАТО


Сирени се огласија рано утринава во воздухопловната база Инџирлик, која ја користи НАТО, во покраината Адана во југоисточна Турција, јави турската агенција Анадолија. Агенцијата не го прецизираше времето на инцидентот и не беа објавени други детали. Според други турски медиуми, сирените се огласија во Адана околу 3:25 часот утрово и траеја пет минути. Американските сили […]

Трамп упати нова закана до Иран: Внимавајте што ќе се случи денеска


Американскиот претседател Доналд Трамп упати ново предупредување до Техеран рано утрово, имплицирајќи понатамошни воени дејствија во актуелниот конфликт, јави ДПА. „Внимавајте што ќе се случува со овие пореметени ѓубриња денеска“, напиша тој на својата платформа Truth Social. И покрај претходните коментари што сугерираа дека војната со Иран би можела да заврши наскоро затоа што „практично […]

САД дозволија привремени купувања на руска нафта заглавена на море


САД вчера издадоа привремено одобрение со кое им се дозволува на земјите да купуваат руска нафта која моментално е заглавена на море, додека Вашингтон се обидува да ги стабилизира енергетските пазари потресени од војната во која е вклучен Иран, јави ДПА. Министерот за финансии Скот Бесент на Икс изјави дека мерката имала за цел „да […]

„Мадам Батерфлај“ во МОБ, трогателната приказна за Чо-Чо-Сан повторно пред публиката


На сцената на Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини, едно од најемотивните и најпознатите дела во светскиот оперски репертоар. Претставата ја следи трагичната судбина на Чо-Чо-Сан, младата јапонска девојка која со длабока преданост верува во љубовта и е подготвена да го жртвува целиот свој свет. Нејзината приказна, […]

Повеќејазично читање на „Циклусот за светулките“ од Матеја Матевски


Повеќејазично читање на „Циклусот за светулките“ од Матеја Матевски ќе се одржи денеска во Друштвото на писателите на Македонија. Деканатот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ соопшти дека во текот на октомври и ноември минатата година на Факултетот се одржа студентска преведувачка работилница посветена на песните од поетскиот „Циклус на свелулките“, објавен во стихозбирката „Круг“ (1977) […]

Бизнис можности со нордиските земји во Скопје


Шведско-македонската стопанска комора, во соработка со шведската организација We Effect, денеска во Центарот за иновации „Инокс“ на Плоштад Скопје, организира настан на тема „Бизнис со нордиските земји: Можности за македонските производители“ . Целта на настанот, како што најавуваат организаторите, е зајакнување на економската соработка меѓу Северна Македонија и нордиските пазари, како и отворање нови деловни […]

Без вода дел од Центар


Без вода од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците Истарска и Маџирмаало во Општина Центар. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдувањето е поради изведувањето на водоводен приклучок на ул. Кеј 13-ти Ноември бб и ќе трае до завршувањето на интервенцијата.

Без струја дел Кисела Вода


Без струја од 8 до 12 часот ќе останат корисниците од улицата „Георги Димитров“ бр. 10 во општина Кисела Вода. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот на електрична енергија е поради зафати во електродистрибутивната мрежа. 

„Садако сака да живее“ – нова премиера во Театарот за деца и младинци – Скопје


Театарот за деца и младинци – Скопје денеска со почеток во 19:00 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Садако сака да живее“, во режија и драматизација на Тамара Кучиновиќ од Хрватска, работена според мотиви од истоимениот роман на Карл Брукнер. Претставата, како што соопштуваат од Театарот, е инспирирана од вистинската приказна за Садако Сасаки – […]

Вучиќ: Распишување вонредни парламентарни избори не зависи од резултатите од локалните избори


 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека најважно е локалните избори на 29 март (во 10 локални самоуправи) да бидат демократски, народот да одлучи „како сака, според својата совест“, но распишувањето вонредни парламентарни избори „ни најмалку да зависи од резултатите од локалните избори“. „Надлежните институции ќе донесат одлука за распишување вонредни парламентарни избори, но […]

Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени


Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се […]

Костадиновски: Наместо да се намалуваат платите, да се расчисти со т.н. „судии“


Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски смета дека не треба да се кратат платите на судиите и обвинителите, но дека треба тие да бидат на ниво на задачата и да се расчисти со судиите кои го валкаат образот на фелата.  – Повикувајќи се на тие меѓународни стандарди и на самостојноста и независноста, сум да не […]

Мицкоски уверува: Имаме нафта


Граѓаните не треба да се грижат. Имаме стабилно снабдување со нафта и нафтени деривати на пазарот. Ги следиме состојбите. Имаме механизми да реагираме доколку кризата продолжи, уверува премиерот Христијан Мицкоски. Во интервју за Ора24 тв, премиерот рече дека во понеделникот бил забележан историски најголем пик на потрошувачка на нафта и нафтени деривати во земјава што […]

Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап


 Легендарниот шведски атлетичар во скок со стап Арманд „Мондо“ Дуплантис постави нов светски рекорд, прескокнувајќи ја летвичката вечерва на домашен терен во Упсала на височина од 6,31 метри. Дваесетишестгодишниот Дуплантис го постави новиот светски рекорд при својот прв обид да ја прескокне оваа височина. Ова е 15. пат во кариерата на Дуплантис да го собори […]

Нетанјаху на првата прес-конференција од почетокот на војната: Израел ги „дроби“ Иран и Хезболах


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел го „дроби“ иранскиот режим, како и неговиот сојузник Хезболах, во својата прва прес-конференција откако пред 13 дена почна војната со Иран. – Го дробиме терористичкиот режим во Иран. Ги удираме и ги поразуваме неговите сојузници – Хезболах во Либан – им изјави тој на израелските новинари на Зум […]

Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме


Состојбата со енергенсите будно се следи и доколку има потреба Владата ќе интервенира. Сега, во моментот, не сметам дека состојбата е надвор од контрола. Да не ги драматизираме работите и да не додаваме повеќе од тоа што е. Имаме доволно резерви на енергенси, а со маркетите е договорено ако забележат зголемување на влезните цени на […]