Туристите масовно откажуваат резервации на Кипар за Велигден, хотелите остануваат празни


Туристичкиот сектор на Кипар се соочува со остар пад на побарувачката по избувнувањето на конфликтот на Блискиот Исток, при што резервациите на хотели паднаа за околу 40 проценти, додека многу туристи почнаа да ги откажуваат планираните патувања. Според Дејли Меил, инаку популарните дестинации како Лимасол и Протарас, кои редовно се преполни за време на велигденските […]

Зеленски: Кремљ ѝ даде рок од „два месеца“ на Украина да се повлече од Донбас


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Русија, преку американски посредници, му поставила ултиматум на Киев: Украина има два месеци да ги повлече своите трупи од Донбас, во спротивно Москва ќе го заземе регионот, а условите ќе станат потешки. „Тие ѝ кажуваат на американската страна: сега има нов рок – за два месеци ќе го […]

Анализата на куршумот на Чарли Кирк нема врска со пушката најдена близу сцената


  Анализата од американското Федерално биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (АТФ) не може убедливо да го поврзе фрагментот од куршум пронајден за време на обдукцијата на Чарли Кирк со пушката пронајдена во близина на местото на убиството на десничарскиот политички активист – а ФБИ спроведува дополнителни тестови, изјавија адвокатите на обвинетиот убиец […]

Овој европски град е прогласен за најдобра дестинација за соло патници


Ако планирате соло патување и се прашувате која дестинација би можеле да ја посетите, Quotezone создаде листа на најдобрите градови во Европа за оние кои патуваат самостојно. Мадрид го освои првото место. За многумина, соло патувањето е ослободувачко искуство, но за оние кои за прв пат го прават тоа, може да биде и застрашувачко. За […]

Паника кај инвеститорите на Блискиот Исток: Дури 120 милијарди долари „испарија“ од Емиратите поради војната во Иран


Војната во Иран предизвика голем финансиски шок во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), збришувајќи околу 120 милијарди долари од берзите во Дубаи и Абу Даби за само неколку недели. Хаосот со летови и паниката кај инвеститорите сериозно ги тестираат амбициите на оваа земја од Заливот како глобален финансиски центар. Од 28 февруари, референтниот индекс на Дубаи […]

Речиси 30% од наставниците во Франција штрајкуваат поради ниски плати


Речиси 30 проценти од наставниците во Франција денес престанаа да работат во знак на протест против намалувањето на работните места планирани за почетокот на учебната година, затворањето на часовите и ниските плати. Протестите беа организирани поради растечкото незадоволство кај француските просветни работници, пишува Euronews. Денешните демонстрации се дел од „неделата на мобилизација“ што ја започна […]

СДСМ: Фирма од црната листа на САД во бизнис мрежата на Мицкоски


Министерката за енергетика Сања Божиновска внесува фирма од црната листа на САД во бизнис мрежата на премиерот Христијан Мицкоски, обвини денес СДСМ.    „За бизнис интересот на Мицкоски во енергетиката нема граници, ниту црната листа на САД не е пречка. Кога Мицкоски вели дека е спремен да чека децении, еве ја позадината. Антикорупцискиот тим на […]

Македонските кошаркарки против Романија и Естонија во претквалификациите за Евробаскетот 2029


Во седиштето на ФИБА во швајцарскиот град Мис вечерва со жрепка беше одреден составот на групите во претквалификациите за пласман на Европското првенство за кошаркарки во 2029 година. Жрепката ја смести македонската репрезентација во групата Ц заедно со романија и Естонија. Првопласираните селекции од трите групи и најдобрата второпласирана, ќе обезбедат пласман во наредната натпреварувачка […]

Одложен стартот на зонското во Реонски, ќе почне заедно со Ново Лисиче во мај


Според најновите информации од ЈП Градски паркинг Скопје воведувањето на зонското паркирање во Реонски Центар е времено одложено до создавањето на услови за истовремено воведување на зонското паркирање во Ново Лисиче.   Општина Аеродром и Град Скопје соочени со притисокот од граѓаните од Ново Лисиче се повлекоа од намерата да започнат со зонско паркирање во […]

Воjислав Димитровски е нов директор на „Лајка“


Град Скопје ја разреши директорката на ЈП „Лајка“, Радмила Пешева, а на нејзино место го постави Војислав Димитровски. Новиот директор е ветеринарен доктор и голем поборник за хуман третман на животните. Тој и претходно беше дел од тимот на „Лајка“, односно веќе беше на директорската функција. Разрешената Пешева, поддржана од неколку здруженија, реагираше во јавноста […]

Затворениот магнат Џими Лај добитник на германска награда за слобода на печатот


Берлин – Медиумскиот магнат од Хонгконг Џими Лај кој е во затвор, е овогодишен добитник на Наградата за слобода на печатот, што ја доделуваат германската Медиумска асоцијација на слободниот печат (MVFP) и Здружението на дигитални и весникарски издавачи (BDZV). Лај е одликуван за неговата долгогодишна борба за демократија и слобода на медиумите во Хонг Конг. […]

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми


 Управата за јавни приходи денска реагираше во врска со објавените написи во дел од медиумите во кои се наведува дека студентите се „на удар“ на Управата и дека им се бара плаќање данок за летна работа во Германија за период од последните пет години, нагласувајќи дека е потребно транспарентно информирање на јавноста и студентите, со […]

Савески ќе ги повлече сите обвинителски овластувања, Ристоска ќе ги изгуби предметите „Талир“


Новиот државен јавен обвинител Ненад Севески денес на брифинг со новинарите најави дека ќе ги повлече сите овластувања на обвинителите кои водат предмети што не се од нивните матични обвинителства, меѓу кои се и тие на Ленче Ристоска за случаите „Талир 1“ и „Талир 2“, или практично предмети од кои е засегната власта бидејќи се […]

Фатиме Фетаи им ја расипа прославата на обвинителите


Фатиме Фетаи им ја расипа прославата на јавните обвинители денес порачувајќи дека Денот на правосудството не може да биде само ден за честитање, туку треба да се прават вистински чекори за правдата и за интегритетот, за кои толку зборуваа сите. Притоа, таа ја повика членката на Советот за јавни обвинители Марјана Илиеска јавно пред сите […]

Трамп: Британскиот крал и кралица во април ќе ги посетат САД


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека британскиот крал Чарлс III и кралицата Камила ќе престојуваат во САД од 27 до 30 април. – Меланија и јас со задоволство објавуваме дека нивните височества, кралот и кралицата на Велика Британија, ќе бидат во историска државна посета од 27 до 30 април на САД, која ќе […]

Бугарската редакција на Радио Слободна Европа се затвора. Новинарите се селат во „Слободна точка“


  Од денес, бугарската редакција на Радио Слободна Европа се затвора. Целиот медиумскиот тим се сели во „Слободна точка“. Ова стана јасно од објава на претходната Фејсбук страница на „Слободна Европа“, која веќе доби насловна страница со името на новиот медиум. „Ние сме истите новинари и ги следиме истите стандарди во име на истите вредности“, […]

Европа го вклучи алармот за снабдувањето со нафта. Што прави Македонија?


  Европската комисија денеска ги повика земјите-членки да се подготват навремено и координирано за да обезбедат безбедно снабдување со нафта и да избегнат мерки што би можеле да ја зголемат потрошувачката на гориво. Ова вклучување на алармот доаѓа откако  војната на Блискиот Исток трае веќе еден месец, без притоа да се гледа крајот на конфликтот […]

Американската писателка Сара Пеканен доаѓа во Скопје на 25 април


Издавачката куќа „Арс Ламина“ со големо задоволство го најавува ексклузивното гостување на популарната американска писателка на психолошки трилери, Сара Пеканен, во Скопје на 25 април. Нејзиното доаѓањe беше најавено денес, во присуство на фанови на писателката, букстраграмџии и јавни личности, на платото пред aрената „Борис Трајковски“, каде што од 23 до 29 април ќе се […]

Полска не дава нејзините системи „Патриот“ да се префрлат на Блискиот Исток


  Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш изјави дека батериите за воздушна одбрана „Патриот“ на земјата нема да бидат преместени никаде откако во медиумски извештај се тврдеше дека американските претставници неформално ѝ предложиле на полската влада да размисли за преместување на една од нив на Блискиот Исток. Весникот „Жечпосполита“ објави дека САД „ја испитувале“ Полска […]

Цела ЕУ беше во Буча на годишнината од масакрот, само Унгарија не дојде


  ЕУ и 26 нејзини земји-членки – без Унгарија, што не е изненадувачки – штотуку издадоа соопштение за Украина по нивниот неформален состанок во Буча утрово. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, високиот дипломат на ЕУ Каја Калас и други претставници на ЕУ присуствуваа на церемонијата на палење свеќи за да се одбележи четвртата […]