Милатовиќ пред пратениците: Нашата визија за влез во ЕУ не е целосна без вас


Нашето пријателство ги надраснува вообичаените дипломатски фрази за отсуство на отворени прашања. Тоа е суштинско, тоа е преживеано и тоа е вистинско. Тоа е пријателство што го граделе поединци, како нашиот голем книжевник Радован Зоговиќ, кој во црногорскиот и во македонскит карактер го препозна истиот непокорлив дух на слободата. Тоа е нишката што нè врзува, […]

Полицијата влезе во Ректоратот на Белградскиот универзитет, академската заедница ја осудува акцијата


Српската полиција влезе во Ректоратот на Белградскиот универзитет во вторник, каде што, по наредба на Вишото јавно обвинителство, ја продолжува истрагата за неодамнешната смрт на студентка на Филозофскиот факултет, што академската заедница ја смета за продолжение на репресијата на владата врз универзитетот по минатогодишните студентски блокади и масовните протести. 25-годишна студентка беше пронајдена мртва на […]

Трамп се разбесни: „НАТО е ужасен. Сите се ужасни. Одете и земете ја нафтата“


  Дописничката на Си-Би-Ес од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која сугерираше дека можеби ќе се повлече од обидите да го принуди Иран повторно да го отвори Ормутскиот теснец. Трамп ја повтори својата фрустрација што другите земји не испратија воени […]

Во бизнисот со енергетиката е вклучена и фирма од црната листа на САД, тврди СДСМ


  Опозициската СДСМ денеска објави дека Министерството за енергетика, кое го предводи Сања Божиновска, ставила фирма која е на црната листа на САД да вложува во изградба на енергетски капацитет во Македонија. „За бизнис интересот на (христијан) Мицкоски во енергетиката нема граници, ниту црната листа на САД не е пречка“, рече на прес-конференција генералниот секретар […]

Денот на македонските инженери ја истакна улогата на иновацијата и енергијата


Инженерската институција на Македонија го одбележа Денот на македонските инженери со свечен настан и по повод 106годишнината од основањето на првото македонско здружение на инженерите. На настанот беа присутни претставници на Владата, инженерските здруженија, академската заедница и бизнис секторот, а програмата опфати поздравни обраќања, панел дискусија на тема „Паметна ренесанса“, презентации за награди како и […]

Прв унифициран национален ESG прашалник за компаниите започнува со примена


Преку ESG Комисијата при Македонската Банкарска Асоцијација, со решение од Македонско Кредитно Биро, изработен е првиот унифициран национален ESG Прашалник наменет за сите компании во земјава, кој ќе се применува од утре, 01.04.2026 година, сооптија од МБА. (ESG  е кратенка за Environmental, Social, and Governance – eколошки, социјални и управувачки аспекти. Тоа е рамка што […]

Италија им забрани на американските бомбардери да слетаат во базата на Сицилија


Рим – Италија не дозволи слетување американски воени авиони во воздухопловната база Сигонела на Сицилија, објави „Кориере дела сера“ повикувајќи се на неименувани извори. Италијанскиот дневен весник наведе дека американските бомбардери требало да слетаат во база во источна Сицилија пред да го продолжат летот кон Блискиот Исток. На американските авиони не им било дозволено слетување бидејќи […]

Циклон носи обилни врнежи од дожд, ветер и снег на планините


Под влијание на циклонска активност, утре и в четврток во Северна Македонија се очекуваат врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, над 20 литри на квадратен метар, односно над 30 литри в четврток, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Поради продор на постудена воздушна маса, на повисоките места и планините дождот ќе преминува во […]

Нов предлог закон – Со „Б“ категорија да се управува со мотоцикл до 125 кубици


Пратеничката група на ЗНАМ, со поддршка на пратениците од мнозинството, поднесе Предлог на закон за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, со кој се предвидува возачот кој поседува возачка дозвола од Б категорија, да има право да управува мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“, чија зафатнина на моторот […]

„Алказар Енерџи“ отвора јавна консултација за ветерниот парк во Штип


„Алказар Енерџи“ ја објавува Студијата за оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти (ESIA) за ветерниот парк Штип и ја става на јавен увид, што претставува значајна пресвртница во развојот на проектот кој треба да стане најголемиот проект за обновлива енергија во Северна Македонија, соопштија од компанијата. Со планиран инсталиран капацитет до 396 […]

Војната со Иран ја зголеми стапката на инфлација во еврозоната во март на 2,5 отсто


 Инфлацијата во еврозоната нагло се зголеми по порастот на цените на нафтата предизвикан од војната меѓу САД и Ирак против Иран, јави ДПА. На годишно ниво, цените на мало во март се зголемија за 2,5 отсто, покажува првичната процена објавена денеска од статистичарите на Евростат во Луксембург. За споредба, во февруари стапката на инфлација изнесуваше […]

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со Аустриан ерлајнс


Аустријан ерлајнс денеска одбележува значаен јубилеј на македонскиот пазар – 30 години од воспоставувањето на авиолинијата Скопје – Виена и почетокот на успешната соработка со Меѓународниот Аеродром Скопје и ТАВ Македонија. На Меѓународниот Аеродром Скопје со церемонијален воден мост по слетувањето на авионот, беа пречекани патниците, кабинскиот персонал и менаџментот на авиокомпанијата, со што беше […]

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава


Народниот правобранител, постапувајќи по предметни случаи на фемицид, констатира пропусти во институционалната реакција поради што е потребно да се обезбеди превенција и координирано системско справување со семејства со ризично однесување, како и воспоставување механизми што овозможуваат рана интервенција и заштита на децата и другите членови на семејството, дури и кога жртвата формално не поднесува пријава […]

Хотлајн аудио снимки меѓу Сијарто и Лавров: Унгарскиот министер бил целосно на услуга на Кремљ


  Во аудио снимка објавена во медиумите Vsquare и „Инсајдер“, кои покриваат политички и економски работи во Централна Европа, рускиот и унгарскиот министер за надворешни работи разговараат дали некој треба да биде отстранет од листата на санкции на Европската унија. Сијарто преку Фејсбук призна дека тоа што се слуша на снимката е точно, но ги […]

Куманово планира изградба на административна зграда кај Чоробенско ќоше


Проектот за изградба на нова административно-деловна општинска зграда во Куманово започнат пред повеќе од една деценија, сè уште не е реализиран, соопшти секретарот на општината, Емилија Сларидис Јаневска. Советниците на последната седница изгласаа деталниот урбанистички план за дел од урбаната единица „Благој Стевковски Гојчо“ урбан Блок 43 В и 43 Г-Куманово да бидат предмет на […]

Германија загрижена поради новиот израелски закон за смртната казна


Владата на Германија денеска изрази „голема загриженост“ поради одлуката на израелскиот парламент да воведе смртна казна за осудени терористи. – Разбирливо е што Израел по 7 октомври зазеде тврд став против тероризмот. Сепак, германската влада со голема загриженост гледа кон законот што беше усвоен вчера. Спротивставувањето на смртната казна е фундаментална карактеристика на германската политика, […]

Мицкоски како провладин актер во Будимпешта: „Виктор Орбан е бранител на Европа“


  Македонскиот премиер Христијан Мицкоски доби важен простор во провладините унгарски медиуми, каде неговата посета на Будимпешта беше претставена како дополнителна поддршка за премиерот Виктор Орбан пред неизвесните избори на 12 април. Провладините медиуми во Унгарија во основа се вистински владини, затоа што се преполни со екстремни пофалби за Орбан и екстремни критики за лидерот […]

Дури 39 полицајци погрешно постапиле по пријавите за насилство против Стојанче Јовановски – утврди внатрешната контрола во МВР


Вкупно 39 припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) погрешно постапиле по пријавите за семејно насилство кои досега биле поднесени против Стојанче Јовановски – сопругот на Ивана од Скопје која на почетокот на март годинава почина по пад од балкон со нивната шестгодишна ќерка Катја. Пропустите на полициските службеници се утврдени од страна на внатрешната […]

Јатрвата ја удрила со остар предмет по главата


Вчера во 19:10 часот во село Сулдурци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишија од слобода А.К.(38) од истото село. Според пријавеното, таа во 17:18 часот отишла во дворното место на нејзината јатрава П.К.(46) во село Сулдурци и физички ја нападнала, удирајќи ја со остар предмет во пределот на главата. П.К. била пренесена […]

Милатовиќ: Целта да станеме членка на ЕУ во 2028 е остварлива


  Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, порача денес дека неговата земја силно го поддржува европскиот пат на Македонија во ситуација кога за себе си зацртале амбициозна, но како што нагласи, остварлива цел – самите да станат членки на ЕУ до 2028 година. „Како земја предводничка во преговорите со ЕУ, Црна Гора силно го поддржува […]