Именуван нов командант на Револуционерната гарда во Иран


Иранскиот корпус на Револуционерната гарда (ИРГЦ) именуваше нов главен командант, Ахмад Вахиди, јави Би-Би-Си. Претходниот командант, генерал Мохамед Пакпур, беше убиен во вчерашните израелско-американски напади врз Иран. ИРГЦ е главна воена, политичка и економска сила во Иран и е одвоена од редовната армија на земјата. Ахмад Вахиди претходно бил министер за внатрешни работи и министер […]

Велика Британија тврди дека Иран истрелал две ракети кон Кипар


Британскиот министер за одбрана Џон Хили изјави дека две ирански ракети биле истрелани кон Кипар, во она што би претставувало прв ирански ракетен напад врз Европа. – Прилично сме сигурни дека тие не беа насочени кон нашите бази – рече Хили во интервју за Скај Њуз. Велика Британија има две големи суверени базни подрачја на […]

Се спојуваат клиниките за кардиологија и кардиохирургија


На предлог на Министерството за здравство, Владата на последната седница одржана на 24 февруари донела одлука за спојување на Клиниката за кардиологија и Државната клиника за кардиохирургија, со цел обезбедување повисок степен на интегрираност, координација и ефикасност во третманот на пациентите со кардиоваскуларни заболувања, преку рационално искористување на постојните човечки, просторни и технолошки ресурси на […]

Техеран тврди дека плановите на САД и Израел се „осуетени“


Плановите на САД и Израел се „осуетени“, изјави денеска генералниот секретар на иранскиот Совет за безбедност, Али Лариџани. „САД и Израел направија погрешна проценка и имаа за цел да предизвикаат немири и промена на власта во Иран преку целни напади врз воени објекти и убиства на високи функционери“, го цитираше Лариџани државната новинска агенција ИРНА. […]

Тел Авив го нарече Хамнеи „главата на иранскиот октопод“


Израелските одбранбени сили (ИДФ) и официјално соопштија дека го убиле иранскиот врховен водач Али Хамнеи во воздушен напад во Техеран во текот на вчерашниот ден. „Али Хамнеи беше цел во прецизна, обемна операција спроведена од израелските воздухопловни сили, водена од точни разузнавачки информации на ИДФ, додека се наоѓаше во неговиот централен раководен комплекс во срцето […]

Американските амбасади на удар од гневни демонстранти во Карачи и Багдад


Стотици проирански демонстранти се обидоа да упаднат во конзулатот на САД во пакистанската метропола Карачи, јавија светските агенции. Притоа најмалку осум лица загинаа . „Пренесовме најмалку осум тела во граѓанските болници во Карачи, додека 20 други беа повредени во инцидентот кај конзулатот“, рекол Мухамед Амин, портпарол на спасувачката служба на фондацијата „Еди“ (Edhi Foundation), додавајќи […]

Од денеска побезбедни онлајн купувања со платежни картички


Од денеска стапува во сила законската обврска за засилена автентикација при онлајн-плаќања со платежни картички. Наместо досегашната потврда со СМС-код, корисниците на платежни картички ќе добиваат известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобрат трансакцијата. Потврдата се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање лице. Без оваа потврда плаќањето […]

Единаесет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“


Единаесет романи останаа во конкуренција за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.  Жири комисијата во состав Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), во втората селекција ги одбраа 11-те романи што […]

Пуштање во употреба на реконструираната обиколница кај Крива Паланка


Во присуство на претставници од Владата денеска ќе биде пуштена во употреба реконструираната обиколница Крива Паланка. Станува збор за значаен проект од Коридорот 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин – Крива Паланка и патна врска со граничниот премин Деве Баир ккон Бугарија.  На официјалното пуштање најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот […]

Дали нападите на Трамп врз Иран се легални?


Правните експерти во САД и пошироко се скептични во однос на уставното овластување на претседателот Доналд Трамп да започне нова воена акција против Иран без одобрение од Конгресот, особено ако тоа доведе до продолжен конфликт. Како и со бомбардирањето на иранските нуклеарни објекти од страна на САД минатото лето и военото заробување на венецуелскиот претседател […]

(Видео) Телевизиски водител се расплака додека ја објавуваше смртта на Хамнеи


Водител на иранските државни медиуми се расплака додека ја објавуваше смртта на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, кој го загуби животот во заедничките напади спроведени од САД и Израел во саботата. Ирански водител се расплака додека ја објавуваше смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот.  „Бог е голем. Бог е голем. Со длабока тага, на […]

„Лавина“ со метал песна ќе ја претставува Србија на Евросонг


Белград – Групата Лавина победи на Евровизискиот натпревар за песна 2026 со песната „Крај мене“ и ќе ја претставува Србија на годинешниот Евровизиски натпревар во Виена во мај. Групата освои вкупно 24 поени во вкупниот збир на гласови, СМС гласови од публиката и стручното жири, кое го сочинуваа Зои Кида, Алек Алексов, Нина Радојичиќ, Игор […]

Оливија Дин доминираше на „Брит“ наградите, освои четири награди


Манчестер -Ако Оливија Дин и Лола Јанг го предводеа патот на доделувањето на наградите BRIT во 2026 година со по пет номинации, нео-соул пејачката на крајот триумфираше, победувајќи во секоја категорија за која беше номинирана на најголемата музичка вечер во Велика Британија. Таа се натпреваруваше сама со себе за Песна на годината Откако неодамна освои […]

Сал Да Винчи победи на Санремо, не се знае дали ќе пее на Евросонг


  САЛ ДА ВИНЧИ е победник на 76-то издание на Фестивалот во Санремо со песната Per sempre sì. По пет возбудливи вечери со италијанска музика, легендарното натпреварување го доби својот победник во напнато суперфинале. Со ова официјално завршува Санремо 2026, кое на публиката ѝ претстави 30 нови песни. Петмина натпреварувачи се пласираа во суперфиналето Сите […]

(ВИДЕО) Илјадници Ирачани жалат за смртта на Хамнеи


Иранската новинска агенција Тасним на социјалните мрежи објавува видеа од повеќе ирачки градови на кои се гледаат илјадници луѓе кои се приклучуваат на почетокот на периодот на жалост во чест на врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи. Ожалостените се собраа на плоштадот Енгелаб во Техеран за да ја одбележат маченичката смрт на водачот на Исламската револуција, […]

Убиени началникот на Генералштабот на вооружените сили на Иран и главниот командант на ИРЦГ


  Началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, Абдолрахим Мусави е убиен, пренесе денеска иранската телевизија. Мусави е убиен во американско-израелските напади врз Иран, јавија локалните медиуми. Претходно денеска, официјалната иранска новинска агенција ИРНА пренесе дека Али Шамкани, висок политички функционер на врховниот водач Али Хамнеи и секретар на иранскиот Совет за одбрана, е убиен […]

Кој ќе го замени Хамнеи, ајатолахот што владееше со железна тупаница во Иран?


Ајатолахот Али Хамнеи владееше со Иран со железна тупаница како врховен лидер речиси четири децении, соочувајќи се со САД и Израел, додека ги потиснуваше несогласувањата и ја унапредуваше контроверзната нуклеарна програма дома. Неговото убивање е  сеизмички развој што ја турка неговата нација и регионот во непозната територија. Како еден од најмоќните луѓе на Блискиот Исток, […]

Иран ја потврди смртта на Хамнеи, прогласени 40 дена национална жалост


Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи е мртов, потврдија денеска иранските државни медиуми. Тој е убиен како „маченик“, објавија новинските агенции ИРНА и Фарс. Како одговор на ова, иранското раководство прогласи 40 дена национална жалост, според иранската државна телевизија. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи Хамнеи за мртов, откако Соединетите Држави и Израел вчера […]

(ВИДЕО)Уште една серија експлозии утрово во Дубаи и Доха


Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади. Очевидци во катарскиот главен греад Доха известија дека утрово слушнале неколку силни детонации. Катарскиот информативен канал „Ал-Џезира“ објави за најмалку 11 експлозии во Доха. Експлозии беа пријавени и во Манама, главниот град на […]