Земјите од Заливот заеднички ќе одговорат на нападите од Иран


Земјите од Персискиот Залив ќе се состанат вечерва за да разговараат за унифициран одговор на нападите на Иран, велат двајца дипломати од Персискиот Залив, додека Техеран продолжува со вториот ден од нападите откако американските и израелските напади го убија неговиот врховен лидер. „Тоа ќе биде онлајн состанок на министрите за надворешни работи на Персискиот Залив […]

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана


Албанскиот премиер Еди Рама денеска го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на управата на полицијата за Тирана, Елтон Аљуши. Разрешувањето на двајцата високи полициски раководители според образложението е бидејќи ” за протестите на опозицијата, посебно синоќешниот, не презеле соодветни мерки и не успале да го обезбедат јавениот ред и мир”. […]

Влада: Македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош амбасадите


Во врска со актуелната безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги информира македонските државјани кои се наоѓаат на територија на Државата Катар, Обединетите Арапски Емирати, Државата Кувајт и Кралството Бахреин внимателно да ги следат официјалните информации и да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции на земјите домаќини, […]

Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви


Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба. Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците. Властите сè […]

Пуштени во употреба уште четири километри од Коридорот 8


Со изградбата на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, со реконструкција на обиколницата во Крива Паланка и проширување и модернизирање на граничниот премин Деве Баир, целосно го развиваме источното крило на Коридор 8, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за државни […]

Филипче: Мицкоски донесе огромен пад на странските инвестиции, за една година 729 милиони евра!


Македонската економија тоне, граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Имавме конструктивни предлози како да им помогнеме на граѓаните, како да се зголеми минималната плата, за жал сето тоа власта го одби. Но, на економски план се случуваат консекутивни работи што ние ги најавивме и на што укажуваме, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната […]

Лајен гледа надеж за Иран по убиството на Хамнеи


 Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи. „Мораме да се осигураме дека иднината е нивна за тие да ја бараат и обликуваат. Истовремено, овој момент носи вистински ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала […]

Филипче на иста линија со владата за нападот врз Иран


Претседател на СДСМ, Венко Филипче истакна дека нападот од САД врз Иран е извршен откако биле исцрпени сите дипломатски механизми. -САД се наш стратешки партнер и тие откако ги исцрпија сите дипломатски механизми на преговори настапија кон еден таков напад кон Иран. Сметам дека таквиот напад и се што се прави е во истиот контекст […]

Кипар демантира дека бил цел на ирански напад


Британскиот премиер Кир Стармер во телефонски разговор „јасно и недвосмислено“ му потврдил на кипарскиот претседател Никос Христодулидис дека Кипар не била цел, како што преку Икс информираше самиот Христодулидис, а претходно и портпаролот на кипарската Влада Константинос Летибиотис и министерот за одбрана на Кипар Василис Палмас демантираа дека „две ирански ракети биле лансирани кон Кипар“, […]

Израел негира одговорност за нападот на основно училиште во кој загинаа над 100 ирански девојчиња


Израел денеска отфрли секаква одговорност за нападот врз основното училиште за девојчиња во иранската провинција Хормозган, во кој според иранските извештаи загинале повеќе од 100 деца. – Во овој момент не ни се познати никакви израелски или американски напади таму – изјави воениот портпарол Надав Шошани. – Она што го знам е дека бевме во […]

Хаос на аеродромите на Блискиот Исток, компаниите ги откажуват летовите


Широко распространетите прекини во патувањето до и од Блискиот Исток продолжија и во неделата, бидејќи авиокомпаниите ги откажуваат летовите преку клучните регионални центри кои станаа цел на иранска одмазда за сместување на американски воени бази. Авиопревозникот од Заливот „Етихад ервејс“ соопшти утрово дека неговите операции продолжуваат да бидат засегнати, со летови суспендирани до и од […]

Мајката на серискиот убиец тврди дека е невин: Селаните ни љубоморат затоа што имаме 250 овци


Мајката на осомничениот за двојното убиство во Челопек и Драгоманце  во изјава за Радио Бум тврдела дека нејзиниот син не е виновен за делата што му се ставаат на товар. Според медиумот, таа навела дека нејзиниот син имал психички проблеми, тешко комуницирал и дека го носела на лекар. Вели дека напасувал овци, бил мирен и […]

Филипче со порака до САД: Власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја спореди актуелната македонска власт со режимите во Иран и Венецуела, оценувајќи дека земјата се движи во опасна насока на авторитарност и институционално разградување. Тој има разбирање за нападот на САД кон Иран, со помош на Израел. „Тоа е за доброто на иранскиот народ, како што беше за доброто на […]

Путин: Убиството на Хамнеи ги прекрши „сите норми на човечкиот морал и меѓународното право“


Во своите први официјални коментари по нападите на САД и Израел врз Иран и последователните одмазднички напади, рускиот претседател Владимир Путин го нарече целното убиство на врховниот лидер на Иран „цинично убиство“, објави руската државна медиумска агенција ТАСС. Рускиот лидер ја опиша смртта на ајатолахот Али Хамнеи како убиство кое ги прекрши „сите норми на […]

Техеран му порача на Трамп дека ја „преминал црвената линија“


Американскиот претседател Доналд Трамп премина „многу опасна црвена линија“ откако врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, беше убиен во американско-израелските напади, изјави ирански функционер за CNN. Трамп навести дека нападите ќе продолжат во текот на неделата. Иран вели дека во еден напад загинале над 100 девојчиња во основно училиште во близина на воена база. Израел […]

Оштетена е српската амбасада во Техеран


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во неговото денешно обраќање рече дека е оштетена српската амбасада во Техеран. -Таа е оштетена, цел на американскиот напад беше базата Басидж. Шрапнели ја оштетија нашата амбасада. Важно е да кажеме дека нашите луѓе се повлекуваат кон Баку и Азербејџан, документацијата е уништена и запалена целосно, во согласност со правилата. […]

Дурмиши најави десетпати повисоки казни за нефер трговски практики


Десет пати повисоки казни за нефер трговски практики, најавува министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Во интервју за МИА, Дурмиши открива дека се размислува, освен за трговците, глоби да има и за добавувачите.     Веќе се подготвуваат законските измени, а пред да бидат дефинирани и донесени, ќе се одржат средби со сите засегнати […]

Зошто никој во Македонија не одговараше за „Предатор“ , а во Грција се изречени 126 години затвор?


Аферата со шпионскиот софтвер „Предатор“ ја отвора клучната дилема: зошто во еден случај (Грција) има судски пресуди и формално утврдена одговорност, а во друг (Северна Македонија) јавноста остана без јасен институционален епилог? Во Грција, случајот доби силна институционална динамика: парламентарни истраги, медиумски притисок, меѓународно внимание и на крај – судска одлука. Судот утврди незаконско прислушување […]

Кац: Израел го напаѓа Техеран директно со „stand-in“ муниција


Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека израелските воздухопловни сили го напаѓаат Техеран со „stand-in“ муниција, што подразбира бомби исфрлени директно над нивните цели. – За прв пат во операцијата „Рикачки лав“ (Roaring Lion), воздухопловите оперираат во ’stand-in‘ режим на небото над Техеран во моќен удар против целите на режимот и репресијата – изјави […]

Се зголемува бројот на граѓани кои бараат помош по ситуацијата на Блискиот Исток


Се зголемува бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека со сите нив се одржува постојан контакт и се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација. – Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и […]