Чувар и уште две лица вдишале чад од пожарот во пречистителната во Мојанци


Вчера, во 21:05 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во близина на с.Мојанци, кочанско, настанал пожар во објект во склоп на Прочистителната станица, сопственост на ЈП „Водовод“ од Кочани. Од екипа од Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат. При обид да го изгаснат пожарот, В.И. (56) од с.Мојанци, кој бил на своето работно […]

Од струен удар загина 20-годишник од Саждево


Вчера, во 17:55 часот во СВР Битола е пријавено дека од с.Саждево, крушевско, во Општата болница Прилеп без знаци на живот бил донесен А.И.(20) од с. Саждево. Според пријавеното, тој бил удрен од струен удар, по што починал, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

Финансова поднесе кривична против екс директорот на „Комунална“ Сабахадин Рустеми: Ангажирал познаници за работи што не очекувал да ги извршат


Финансова полиција поднесе кривична пријава против поранешниот в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје Сабахадин Рустеми, против кој има основано сомнение за сторени повеќе кривични дела и тоа „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување исправа” и  „проневера во службата” – во обид, склучувајќи договори за интелектуални услуги и јавни набавки со фирми, а со […]

Новиот директор на РЕК „Битола“ е дел од бизнис шемата на Мицкоски, тврди СДСМ


  Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК „Битола“ е уште една алка од бизнис шемата на премиерот Христијан Мицкоски во енергетиката, тврди опозициската СДСМ. Во соопштението на партијата се вели: „Пензионерот Иван Куковски, близок до таткото на Мицкоски, прво беше назначен за претседател на надзорниот одбор на АД ЕСМ. Потоа си дава […]

Се реконструираат јавните и пешачките површини во средишниот дел на Ново Лисиче


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески сподели дека денеска извршил увид во градежните активности за реконструкција на јавните и пешачките површини во средишниот дел на Ново Лисиче, кај кулите меѓу зградите 39, 41 и 43. „Старите и дотраени плочки се заменуваат со нови павер-елементи, со што просторот добива уреден изглед и повторно станува безбеден за […]

Се заканувал со убиства и бомби во средно училиште – уапсен тинејџер од Тетовско


Неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, вчеравечер пријавиле дека добиле информации од родители на ученици, дека М.Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска […]

По кој пат се уредува коритото на Серава во Бутел? Ќе заличи ли овој пат?


Започна реализацијата на проектот за темелно чистење и уредување на коритото на реката Серава, како и изградба на нова пешачка патека во општина Бутел.   Почетокот на активностите беше означен во присуство на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.   Проектот опфаќа уредување на просторот покрај реката и […]

Во падот на американскиот воздушен танкер загинаа 4 лица. Еве што треба да знаете


  Четири од шесте членови на екипажот загинаа во падот на американскиот авион за полнење гориво „KЦ-135“, кој се урна вчера во западен Ирак, соопшти Централната команда на САД. Спасувачките напори продолжуваат. Околностите на авионската несреќа се испитуваат. Според достапните информации, можноста авионот да бил соборен од непријателски или таканаречен пријателски оган е исклучена. Идентитетите […]

Во Техеран надежта за промена се претвора во паника: „Ја претвораат земјата во урнатини“


Хода беше толку бесна поради насилното задушување на демонстрантите од страна на Иран во јануари што сакаше безбедносните сили на земјата да бидат нападнати како одмазда. Потоа бомбите почнаа да ги погодуваат областите во близина на нејзиниот дом во Техеран. „Секогаш бев против овие луѓе и мислев дека ќе биде ограничено и брзо завршено“, рече […]

Од недела повремен дожд, од вторник опаѓа температурата


За време на викендот времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне претежно во западните делови со услови за краткотраен повремен дожд.   До крајот на периодов ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд.   До вторник ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.   Во среда […]

„Оскари“ 2026: Фаворити за најпрестижните филмски награди


Лос Анџелес – Сѐ е подготвено за најгламурозната ноќ во Холивуд. 98-то доделување на наградите Оскар, популарно познато како Оскари, наскоро ќе се одржи и ќе ги прослави најдобрите филмски достигнувања во 2025 година. Церемонијата, како и досега, ќе се одржи во легендарниот театар Долби во Лос Анџелес и ќе ги собере најголемите ѕвезди од […]

Хајди Клум проговори за дијагнозата: Тоа е моја супермоќ, а не нарушување


Пoзната како незаменливо лице на светските модни писти и телевизиски екрани, Хајди Клум е навикната на зафатен распоред. Но, додека многумина би се распаднале под притисокот на балансирање на мајчинството, манекенството, водењето емисии и водењето на нејзините веќе легендарни забави за Ноќта на вештерките, Клум ја откри тајната на нејзината способност за мултитаскинг. Во ново […]

Во ЕУ јавен превоз секојдневно користат 10,7 проценти од луѓето, во Македонија 9,6


Јавниот превоз, како клучен дел од одржливиот урбан транспорт во Европската Унија, секојденвно го користат 10,7 % од населението. Во Македонија речиси 7 % од луѓето секој ден користат градски автобус, 2,6 % меѓуградски автобус и 0,06 % воз (вкупно 9,6 %). Податоците покажуваат големи регионални разлики и укажуваат дека додека во некои скопски општини […]

ИКТ индустријата урива рекорди, извозот лани достигна 676 милиони евра


Извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги во 2025 година достигнал 676 милиони евра, што претставува раст од 7 проценти во однос на 2024 година. – Убави вести денеска – македонската ИКТ индустрија продолжува да руши рекорди во економијата. Според податоците на Народната банка, извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги во 2025 година достигна […]

Русија заработила 6 милијарди долари од двете недели војна во Иран


  Русија заработила дополнителни 6 милијарди евра за две недели борби меѓу САД и Иран, покажа анализа од 12 март на Центарот за истражување на енергијата и чистиот воздух (CREA). Дополнителните заработки од фосилни горива од 510 милиони евра дневно се доволни за Русија да купува 17.000 дронови „Шахед“ на секои 24 часа по цена […]

Лорковски во РКЕ: Регулаторната независност е предуслов за успешна интеграција на енергетскиот пазар


Сет од 11 подзаконски акти, меѓу кои: правилници, тарифни системи, методологии за тарифи и цени за разни енергии што ги регулира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад се усогласени со Законот за енергетиката, во кои се транспонирани европски директиви и регулативи. Ова беше клучната тема на состанокот помеѓу […]

Пленковиќ: Ќе го информираме НАТО за новото вооружување на Србија


Загреб– Информациите што ги објавија одредени портали дека Војската на Србија располага со суперсонични квази-балистички ракети CM-400 од кинеско производство со дострел од најмалку 250 километри предизвикаа реакции на официјален Загреб. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ истакна дека станува збор за новина во српската армија, за што рече дека ќе ја информира Северноатлантската алијанса. „Хрватска е […]

Третина од онлајн купувачите се пожалиле на проблеми при купувањето, најчесто за бавна испорака


Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.  Меѓу земјите на ЕУ, најголем процент на клиенти кои наишле на проблеми е забележан во […]

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје


Посебен режим на сообраќај ќе има утре во Скопје поради протест, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Во 12,05 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, лево по „Филип Втори Македонски“, десно […]

Современа австриска уметност во Чифте амам: Отворена изложбата „Флора – Фауна – Покриви“


Во присуство на многубројни гости и љубители на уметноста, синоќа во Националната галерија – објект Чифте амам, беше отворена изложбата „Флора – Фауна – Покриви“ на современите австриски уметници Констанце Пирх, Манфред Лајрер и Харо Пирх чии дела се инспирирани од природата, животот и просторот што нè опкружува.  Министерот за култура и туризам Зоран Љутков […]