Околу 2.000 нови барања за социјална помош изминатиот месец


Околу 2.000 нови барања за гарантиран минимален доход или социјална помош биле доставени до центрите за социјална работа од усвојувањето на измените за олеснување на пристапот на граѓаните до ова право во услови на кризата предизвикана од коронавирусот. Олеснувањата, како што посочуваат од Министерството за труд и социјална политика, имаат за цел да овозможат системот …

Околу 2.000 нови барања за социјална помош изминатиот месец Read More »

Руската министерка за култура позитивна на корона вирус


Руската министерка за култура Олга Љубимова е позитивна на тестот на новиот коронавирус. Таа има слаби симптоми и продолжува да работи онлајн, одржувајќи состаноци преку интернет, изјави нејзината секретарка. Во Русија во последните 24 часа бројот на заразени случаи со Ковид-19 е зголемен за над 10.000 лица, четврти ден по ред, и сега вкупниот број …

Руската министерка за култура позитивна на корона вирус Read More »

Уставниот суд нема да го активира Собранието


Уставните судии денеска ја ставија ад акта расправата дали Собранието може да повторно да заседава откако пратениците се самораспуштија – на работен состанок беше разгледана иницијативата на судијата Осман Кадриу и беше заземен едногласен став дека не постојат услови за нејзино прифаќање. Кадриу преку иницијативата побара поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста …

Уставниот суд нема да го активира Собранието Read More »

ДУИ со два услова за избори – да не се загрози здравјето на граѓаните и да има набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР


Ставот на ДУИ во врска со изборите е дека треба да се исполнат два критериуми за одржување на избори. Односно, изборите би можеле да се одржат било кога, доколку се исполнат два услова – едниот е Комисијата за заразни болести да каже дека таков процес нема да загрози здравје на граѓаните и второ – ОБСЕ/ОДИХР …

ДУИ со два услова за избори – да не се загрози здравјето на граѓаните и да има набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР Read More »

Општина Центар победи – Уставен потврди дека законски е донесен ДУП-от за Градска четврт „Даре Џамбаз“


Уставниот суд ја потврди законитоста при носењето на ДУП-от Градска четрвт И 04 – Даре Џамбаз во Општина Центар и донесено е решение со кое се одредува дека нема да се поведе постапка, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. Со ова се отфрлува Иницијативата поднесена од ССИ Инвестмент ДООЕЛ Скопје. – Би сакал да …

Општина Центар победи – Уставен потврди дека законски е донесен ДУП-от за Градска четврт „Даре Џамбаз“ Read More »

Димитриеска Кочоска потпишала за еврообврзницата, за кредитот од СБ сака прво да се консултира


  Документите за евро обврзницата веќе се потпишани од страна на дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, додека за кредитот од Светска банка за кој од СДСМ беше обвинета дека го кочи, таа вели дека прво сака да се консултира со стручни лица. – Кредитот од Светска банка банка е строго …

Димитриеска Кочоска потпишала за еврообврзницата, за кредитот од СБ сака прво да се консултира Read More »

Прилепчанец и битолчанец починаа од ковид-19, оздравени 44, нови 13


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 44 оздравени пациенти, нови 13 случаи и двајца починати. Оздравените се од Скопје 5, Куманово 12, Прилеп 9, Велес 12, Битола 2, Кавадарци 1, Крушево 1 и Неготино 2. Во изминатите 24 часа направени се 292 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Куманово-1, …

Прилепчанец и битолчанец починаа од ковид-19, оздравени 44, нови 13 Read More »

Брнабиќ: Србија ги исполни условите на СЗО за укинување на вонредната состојба


Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека се создадени сите услови за укинување на вонредната состојба воведена во Србија поради пандемијата на новиот корона вирус и порача дека таа не треба да трае „ ниту еден ден подолго од потребното“. Брнабиќ на седница на Парламентот, на која треба да се усвои предлогот на Владата за укинување …

Брнабиќ: Србија ги исполни условите на СЗО за укинување на вонредната состојба Read More »

Децата нема да останат незгрижени, градинките ќе се отворат штом ќе може


Комисијата за заразни болести и Владата работат на протокол со кој ќе се овозможи отворање на градинките и нивно безбедно функционирање, рече денеска на прес-конференција дополнителната заменик министерка, Санела Шкријељ, одговарајќи на новинарско прашање. Според неа, градинките ќе проработат во оној момент кога ќе се створат услови за безбедно згрижување на децата. Секако,  вели Шкријељ, …

Децата нема да останат незгрижени, градинките ќе се отворат штом ќе може Read More »

Бектеши: Наскоро се отвораат кафулињата и рестораните


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека Владата за кратко време по препорака на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе донесе одлука за отворање на кафетериите и рестораните, но и дека за угостителскиот сектор ќе следи и нова поддршка од државата откако ќе бидат отворени, а за што очекува конкретни предлози …

Бектеши: Наскоро се отвораат кафулињата и рестораните Read More »

Субвенции за печки на пелети ќе добијат 454 граѓани


Министерството за економија и по завршувањето на здравствено-економска криза ќе продолжи да спроведува мерки и проекти за поддршка на бизнисот и на граѓаните. Зголемувањето на конкурентноста, инвестициите во индустриските капацитети и во иновативноста на компаниите и понатаму ќе остане наш врвен приоритет, порача денеска ресорниот министер Крешник Бектеши. -Во изминатите два месеци како резултат на …

Субвенции за печки на пелети ќе добијат 454 граѓани Read More »

(Во живо) Прес на Бајрактар и на Шкриељ


Заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка, Санела Шкријељ ќе одржат прес-конференција. Проследете ја во живо:  

Арчи на Хари и Меган наполни една година: Роденден во карантин


Англија- Принцот Вилијам и Кејт му посакаа на својот внук Арчи среќен роденден, додека тој го слави роденденот со родителите, во новиот дом во Лос Анџелес, САД. Арчи, првиот син на принцот Хари и Меган Маркл, е четвртиот член од кралското семејство кој го слави роденденот во карантин, бидејќи во САД на сила е мерката …

Арчи на Хари и Меган наполни една година: Роденден во карантин Read More »

Герапетритис: Ако сѐ биде во ред, на 1 јули ќе се отвори сезоната за странски туристи во Грција


На средината мај, грчката Влада ќе го соопшти планот за туристичката сезона, а ако сѐ биде во ред и епидемиолошките податоци се стабилни, на 1 јули со отворање на сезонските хотели, ќе се отвори и туризмот за странци, согласно она што денеска го изјави државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчкото радо …

Герапетритис: Ако сѐ биде во ред, на 1 јули ќе се отвори сезоната за странски туристи во Грција Read More »

Независните го повикаа Мицкоски на дуел, очекуваат да не дојде


Како долгогодишни членови на ВМРО ДПМНЕ, членовите на Независната пратеничка група се обратија јавно до лидерот на оваа партија, Христијан Мицкоски, за да го потсетат дека во статутот на партијата членството во НАТО и ЕУ била главна насока од која тој скршнал.Во нивното обраќање стои: -Христијан, ти пред целата меѓународна заедница имаш став дека договорот …

Независните го повикаа Мицкоски на дуел, очекуваат да не дојде Read More »

Во Словенија потврдени три нови случаи на Ковид-19


Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека вчера во земјата се направени 1.449 тестирања за новиот корона вирус, а три биле позитивни. Ова претставува намалување во однос за вчера, кога беше објавено за шест новозаразени лица. Намалување има и на бројот на хоспитализирани лица поради Ковид-19, па така во медицинските центри во земјата …

Во Словенија потврдени три нови случаи на Ковид-19 Read More »

Бектеши: Досега над 19.000 компании поднесоа барања за финансиска поддршка за исплата на платите за април и мај


Над 19.000 компании досега поднесоа барања до Управата за јавни приходи за мерката за исплата на финансиска поддршка за исплата на платите за април и мај во износ до 14.500 денари месечно по вработен, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Во изминатите два месеца како резултат на негативните последици кои ги предизвика коронавирусот КОВИД-19 …

Бектеши: Досега над 19.000 компании поднесоа барања за финансиска поддршка за исплата на платите за април и мај Read More »

Германските научници на пат да откријат лек за корона вирусот


Германските лекари постигнале голем успех во потрага за лек против коронавирус, бидејќи успеале да докажат постоење на антитела кои го спречуваат продорот на вирусот во клетките. – Тоа е јасен напредок кој покажува дека се наоѓаме на правиот пат кон развој на лек против Ковид-19, објасни Лука Цицин-Саин од Хелмолк центарот за истражување на инфекции …

Германските научници на пат да откријат лек за корона вирусот Read More »

Богдановиќ: Белчева имаше целосна поддршка, за некои работи имавме забелешки


Градоначалникот на Општина Центар вели дека не знае од што била незадоволна експретседателката на Советот, Јана Белчева-Андреевска, која самоиницијативно се повлече од функцијата. Тој тврди дека таа имала целосна поддршка во сите активности, но дека очекувано е во текот на работата да има одредени несогласувања. „Нормално дека во секоја работа има одредени усогласувања и несогласувања, …

Богдановиќ: Белчева имаше целосна поддршка, за некои работи имавме забелешки Read More »

Почина Владимир Голубовски, пратеник во првиот Парламент


Почина Владимир Голубовски, пратеник во првиот пратенички состав на Парламентот. Роден е во 1946 година во Скопје, дипломирал електро-технички науки. Владимир Голубовски беше претседател на ВМРО-ДП и во деведесеттите години се залагаше за создавање на првата самостојна македонска држава.