Димитриеска Кочоска потпишала за еврообврзницата, за кредитот од СБ сака прво да се консултира

 

Документите за евро обврзницата веќе се потпишани од страна на дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, додека за кредитот од Светска банка за кој од СДСМ беше обвинета дека го кочи, таа вели дека прво сака да се консултира со стручни лица.

– Кредитот од Светска банка банка е строго наменски кредит. Тоа значи дека треба да има јасни калкулации зад сите ставки, кои ќе бидат финансирани. До овој момент, документите кои ми се дадени не вклучуваат јасни и детални калкулации, рече денес Димитриеска Кочоска на прес конференција во Минсистерствот за финансии.

Станува збор за кредит од 90 милиони евра, кој беше најавен од страна на Владата кој треба да помогне за справување на економскиѕте шоследици од корона кризата и е наменет за подрршка на фирмите.

Димитриеска Кочоска на прес конференцијата детално објасни што потпишала во изминатиот период. Така, како што појасни потпишала за заемот од 176 милиони евра од ММФ, од кој средствата се веќе пристигнати и се користат.

– Потпишав отпочнување на постапка за бриџ ту бонд во износ од 400 милиони евра, за кои сите знаете дека Министерството за финансии не успеа да обезбеди доволно средства, при што се откажаа од оваа идеја и пристапија кон издавање на евро обврзница од 800 милиони евра, која беше потпишана од моја страна, рече Димитриеска Кочоска.

Таа додаде дека ги потпишала и документките и барањето до Европската комисија, која одобри 160 милиони евра, а еден ден пред да ги добие документите од кредитот во износ од 90 милиони евра, потпишала и за кредит во износ од 50 милиони евра од Светска банка, за средства кои се користат за помош на стопанството.

– На 28.04.2020 добив документи за евро обврзница, поточно избор на банки кои ќе посредуваат како и адвокатски канцеларии, а истиот ден ги добив документите за заемот од 90 милиони евра од Светска Банка. Документите за евро обврзницата во истиот момент беа потпишани и вратени, додека за кредитот од СБ, побарав време за да разговарам и да се консултирам со стручни лица, изјави Димитриеска Кочоска.

Таа додаде дека кредитите кои до сега ги потпишала се во вкупен износ од 1.186.500.000 евра, без 400-те милиони евра за „бриџ ту бонд“ обврзницата за која немало заинтересираност од страна на кредиторите.

– Сите овие кредити се однесуваа за покривање на буџетскиот дефицит. Тоа значи дека државата не собира доволно даноци, за да ги покрие расходите, кои ги планирала за 2020-та година и кои беа усвоени од Собранието, рече Димитриеска Кочоска повикувајќи ја Владата да ги објави пред јавноста сите документи кои се доставени до неа со цел граѓаните сами да се уверат зошто барала дополнителни информации и дека не блокирала.

– Иако владата во континуитет разговарала и преговарала со СБ, во ниту еден момент не бев вкчучена во тие разговори. Вчера беше првиот и единствен состанок со СБ каде побарав детално појаснување, каде ќе се трошат овие пари, рече Димитриеска Кочоска.