Арчи на Хари и Меган наполни една година: Роденден во карантин


Англија- Принцот Вилијам и Кејт му посакаа на својот внук Арчи среќен роденден, додека тој го слави роденденот со родителите, во новиот дом во Лос Анџелес, САД.

Арчи, првиот син на принцот Хари и Меган Маркл, е четвртиот член од кралското семејство кој го слави роденденот во карантин, бидејќи во САД на сила е мерката за седење дома додека светот уште се бори против пандемијата на коронавирус.

Вилијам и Кејт споделија слика од крштевањето на Арчи во јули 2019 година, заедно со порака во која се вели: „Посакувајќи му на Арчи среќен прв роденден денес!“

Војводата и војвотката од Кембриџ не го виделе својот внук уште пред Божиќ, кога Хари и Меган се решија да заминат во Канада во текот на празничната сезона, наместо да ја поминат со кралското семејство во Сандрингам.

Кога се вратија во Велика Британија во март за последните ангажмани, Арчи остана во Канада.

Кралското семејство и Кларенс Хаус, исто така, споделија слики и пораки за најмладиот кралски член.

Хари и Меган им ветија на кралските обожаватели нова фотографија од Арчи во чест на првиот роденден.

Додека тој беше  најмладиот кралски член што беше одведен на турнеја, придружувајќи ги родителите во Јужна Африка на само четири месеци, тој ретко се појавува во јавност.