МНТ jа почнува сезоната со претстава во чест на медицинските работници
Македонскиот народен театар преку соопштение ги поканува лекарите и медицинскиот персонал од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, ГОБ „8 Септември“, Детската болница — Козле, епидемиолозите и матичните лекари, да ја гледаат првата претстава „Говорна мана“, по пауза од седум месеци поради пандемијата. Oд МНТ информираат дека претставата ќе се одржи на 14 октомври во 20 часот. […]