Јапонија даде грант од 813.000 за здравствените институции


Амбасадорката на Јапонија, Н.Е. Кеико Ханеда, како претставник на Владата на Јапонија и Вицепремиерот Н.Е. Никола Димитров, како претставник на Владата на Северна Македонија, потпишаа и разменија ноти за грант помош од 100 милиони јени (еквивалент на 813.000 евра) за итна помош на здравствените институции кои се справуваат со КОВИД-19.

Амбасадорката Ханеда, Н.Е. Димитров и Н.Е. Филипче ја потенцираа важноста на овој грант за време на пандемијата и долготрајното силно пријателство помеѓу Јапонија и Северна Македонија.

Овој грант во вредност од 813.000 евра е за набавка на медицинска опрема и има цел да ги зајакне капацитетите на болниците како КОВИД-19 помош, дополнително од редовните половина милион евра грант помош кои секоја година се доделуваат на болници, училишта и општини во Северна Македонија.

Во изминатите 3 години се потпишаа вкупно 30 проекти со кои се обезбедија речиси 3 милиони евра неповратна помош, вклучувајќи го и културниот грант за Македонската Опера и Балет.

https://www.facebook.com/zdravstvomk/posts/3548308488559648