Во Косово 34 новозаразени, починаа тројца пациенти со Ковид-19


 

Три лица починаа на Косово како резултат на потешки компликации со Ковид-19 во последните 24 часа, по што вкупниот број на смртни случаи од таа инфекција се зголемил на 635 лица, било објавено денес.

Според косовскиот Институт за јавно здравје, во истиот период биле тестирани 483 граѓани, а биле регистрирани 34 новозаразени.

Во текот на последните 24 часа излечени се 122 пациенти, а бројот на активни случаи е 1.203.