Од понеделник без ПЦР тест во Србија, БиХ, Црна Гора и Косово


Врз основа на координацијата со министерствата за здравство од регионот, денеска, на седница на Владата на Република Северна Македонија, донесовме одлука да овозможиме непречен влез на странските државјани од Република Србија, Република Косово, Република Црна Гора и Република Босна и Херцеговина, без приложување медицинска потврда со негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, напиша премиерот Зоран […]

Трговијата, транспортот и сместувањето со најголема додадена вредност во структурата на БДП во 2019


Бруто-домашниот производ минатата година изнесува 689. 425 милиони денари и во однос на 2018 година номинално е зголемен за 4,3  проценти. Реалната стапка на раст на БДП во 2019, во однос на 2018 година, изнесува 3,2  проценти, покажуваат претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори. […]

Облачно со дожд утре, а задутре опаѓање на температурата


Времето утре ќе биде претежно облачно време со повремени врнежи од дожд особено попладне и во вечерните часови. Утринската температура ќе се движи од 8 до 16 степени, а дневната од 17 до 29 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. И в четврток ќе има локален дожд, претежно во западните делови, а ќе дува засилен […]

ОН побараа истрага за убиството на јужнокорејски функционер


Канцеларијата на ОН за човекови права во Јужна Кореја побара независна истрага за убиството на функционерот во Министерството за океани и риболов од страна на севернокорејските трупи, откако семејството на починатиот побара интервенција на ОН. Во соопштение објавено на Твитер, Канцеларијата на ОН за човекови права во Сеул напиша дека Северна и Јужна Кореја се […]

Новите згради задолжително ќе се приклучуваат на парно, предвидува новиот закон за градба


Со измените и дополнувањата на законот за градба се предвидува сите нови објекти за кои тоа е можно да бидат приклучени на системите за топлинска енергија, со што ќе се избегне сегашната ситуација во која некои тоа го немаат направено. На овој начин ќе се заштитат и граѓаните, но и инвеститорите, беше речено по средбата […]

ЕК го подготви извештајот, слаби точки јавната администрација и владеењето со декрети


Европската Комисија попладнево ќе ги објави редовните извештаи за реформскиот напредок на земјите од Западниот Балкан и Турција, како и долгоочекуваниот Економски и инвестициски план за регионот. Во извештајот за Македонија  е нотиран напредок во мнозинството области, но и делови каде е потребен дополнителен напор, како што се медиумите и законодавството за спречување на дискриминација. […]

Еврокомисијата ќе го објави Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан вреден 9 милијарди евра


Покрај редовните извештаи за реформскиот напредок на земјите од регионот, Европската Комисија денеска ќе го обелодени и долгоочекуваниот Економски и инвестициски план (ЕИП) за Западниот Балкан, јави дописничката на МИА од Брисел. МИА имаше увид во овој План кој треба попладнево да биде официјално усвоен од страна на Колеџот на еврокомесари. Планот, кој се најавува […]

(Видео) Без сопирачки возеле автобуси во јавниот сообраќај, 15 исклучени од употреба


Министерството за внатрешни работи во понеделникот во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје  санкционираше прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници. Санкционирани се 15 возила , од кои 12 поради неисправен уред за сопирање, две возила поради неисправен уред за управување, а […]

Психо-социјална поддршка за деца, млади и родители на телефонскиот број 072/912-676 


Во време на пандемија, психо-социјалната поддршка е најважна за зачувување на менталното здравје на децата, учениците и родителите. Во таа насока Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика во соработка со Универзитетската клиника за психијатрија воспоставија линија за помош на деца, млади и родители.  Телефонскиот број 072/912-676 е достапен секој […]

Невладините бараат итно донесување на законот за антикорупција


 Итно донесување закон за спречување и заштита од дискриминација, со транспарентна постапка за избор на членови на Комисијата, со цел граѓаните да добијат квалитетна законска рамка и реформиран систем за ефикасна и ефективна заштита и превенција од дискриминација, побараа учесниците на денешната конференција „Сите, сега: одговорноста на институциите за обединување против дискриминација“ организирана од Мрежата […]

ЈСП Скопје пушти повеќе автобуси во сообраќај


Ве информираме дека од денеска, вторник (6.10.2020 год) на поголемиот дел од автобуските линии се вклучени поголем број возила во однос на изминатиов период, поточно дел од линиите во јавниот превоз почнаа да сообраќаат по летен, делничен возен ред. Станува збор за линиите 2, 2А, 5, 24, 41, 42, 43, 50, 53, 55А, 57, 63, […]

Истражување: АД Електрани со најмногу тендери на иста фирма


  Центарот за граѓански комуникации (ЦГК)  спроведе длабочински мониторинг на тендерите на 37 акционерски друштва и претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга. Според наодите. во 2019 година, овие претпријатија склучиле договори за јавни набавки во вредност од 247 милиони евра, што е 27 отсто од вкупните јавни набавки на […]

САСА ја поправи и зајакна оштетената брана и започна со чистење на Каменичка река


Од рудникот САСА соопштија дека успешно ја завршиле поправката на оштетениот насип на хидро-јаловиштето број 4 и ги направи сите инженерски прилагодувања со кои се обезбедува дополнителна сигурност и безбедност. Поправката и инженерските прилагодувања на насипот како што информираат од рудникот, се извршени во координација и согласно препораките на врвни македонски и странски експерти. -Со […]

Одложено рочиштето за ,,Ласкарци”, случајот во доказна постапка


Боледувањето на еден од судиите во случајот ,,Ласкарци”, го одложи денешното рочиште за овој предмет. Следната главна расправа е закажена за 15 октомври. Адвокатот Дељо Кадиев, кој е дел од одбраната за овој случај за МИА, изјави дека се работи за голем предмет и заради тие уште трае судењето. – Обвинителството заврши со презентациј на […]

По хаосот поништени изборите во Киргистан


Централната изборна комисија на Киргистан денеска ги прогласи изборните резултати за неважечки. Парламентарните избори во оваа земја се одржаа на 4 октомври. „Поради неправилности во текот на гласањето и во предизборниот период, на состанокот на членовите на Централната изборна комисија донесена е одлука парламентарните избори да се прогласат за неважечки – се наведува во соопштението […]

Прв пат од почетокот на пандемијата во Германија скок на новорегистрирани автомобили


Бројот на регистрирани нови автомобили во Германија се зголемил во септември во споредба со истиот период минатата година, првпат од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците што ги објави германската влада. Во септември беа регистрирани 265.227 нови возила, околу 8,4 проценти повеќе отколку во истиот месец минатата година, објави во понеделникот германската канцеларија за моторни возила […]

Во Бугарија 283 новозаразени, починаа двајца


Во Бугарија во последните 24 часа потврдени се нови 283 заразени со корона вирус, а тестирани биле 3.713 примероци. Активни се 5.837 случаи. Од последните пресек починале уште двајца пациенти. Од почетокот на пандемијата во Бугарија заразени се 21.870 лица, а починаа 854 пациенти.

ЕУ фондовите како „црн кавијар“ за олигарсите во Бугарија


Европските фондови за Бугарија се како „црн кавијар“ за нејзините олигарси и мора да бидат запрени. Група вампири ја цицаат оваа прекрасна земја и нејзините луѓе. Механизмот за верификација на ЕУ мора да се задржи затоа што бугарскиот народ не верува во судството и сака мониторингот на земјата да продолжи. Ова беше тонот на расправата […]

Доктор Александар Трајановски нов директор на ТОАРИЛУЦ


Министерството за здравство соопшти дека за нов директор на Универзитетска Kлиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) е назначен д-р Александар Трајановски. Доктор Трајановски е вработен на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ од 2011 година. Дипломира во 2006 година на Медицинскиот Факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и […]

Спреј за нос кој ќе ни обезбеди солидна заштита од корна вирус


Губење на мирис и вкус е еден од трите клучни симптоми на Ковид-19, и не само клучен, туку и многу чест – студија спроведена на 24.000 лица заразени со вирусот откри дека дури една четвртина од нив го изгубиле чувството за мирис. Веќе некое време, експертите тврдат дека вирусот влегува во носната празнина преку ангиотензин-конвертирачкиот […]