ЈСП Скопје пушти повеќе автобуси во сообраќај


Фото: Б. Грданоски

Ве информираме дека од денеска, вторник (6.10.2020 год) на поголемиот дел од автобуските линии се вклучени поголем број возила во однос на изминатиов период, поточно дел од линиите во јавниот превоз почнаа да сообраќаат по летен, делничен возен ред.
Станува збор за линиите 2, 2А, 5, 24, 41, 42, 43, 50, 53, 55А, 57, 63, 63А, 65, 65Б, 67, 163, 165, 167, 180.
Линиите 9, 19, 20 и 23 часот, како и во изминатиов период, продолжуваат да сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

Останатите линии имаат саботен режим на сообраќање.

Линиите, 25, 25А, 25Б, 28 и туристичката линија „Сити тур“ и натаму се времено укинати.

Прегледот на возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk.