Празни полици во Белгија пред затворањето што ќе трае месец и половина


  Граѓаните на Брисел ги испразнија полиците во продавниците откако тамошните власти донесоа одлука за затворање на земјата поради многу лошата епидемиолошка ситуација. Белгија утре, на 1 ноември се затвора. Премиерот Александер де Кро вечерва најави драстични мерки за затворање на Белгија со цел сузбивање на ширењето на корона вируспт. Де Крон наведе дека само …

Празни полици во Белгија пред затворањето што ќе трае месец и половина Read More »

Англија влегува во едномесечен карантин. Борис Џонсон вели: „Земјата нема алтернатива“


Откако ги помина изминатите неколку недели обидувајќи се да најде избалансиран пристап пред немилосрдниот прилив на вториот бран на корона вирусот во Англија, премиерот Борис Џонсон во саботата вечерта на прес-конференција рече дека сега е време да се биде „скромен пред природата“. Англија ќе влезе во едномесечна национална блокада во четврток, објави Џонсон, предупредувајќи дека …

Англија влегува во едномесечен карантин. Борис Џонсон вели: „Земјата нема алтернатива“ Read More »

(Видео) Полицијата го фати осомничениот кој, во Лион, застрела грчки свештеник со сачмарка


Во францускиот град Лион, непознат напаѓач застрела 52-годишен свештеник пред грчката православна црква „Свети Лазар“. Според „Ле Паризиен“, напаѓачот пукал од скратена ловечка пушка и испукал најмалку два истрела. На свештеникот му била укажана прва помош на самото место, по што бил пренесен во болница, каде лекарите се борат за неговиот живот. Француските медиуми наведуваат …

(Видео) Полицијата го фати осомничениот кој, во Лион, застрела грчки свештеник со сачмарка Read More »

Во Грција првпат регистрирани над 2.000 нови случаи на Ковид-19


Во Грција денеска е регистриран нов негативен рекорд на новозаразени од корона вирусот, а бројката за првпат е над 2.000 нови случаи, поконкретно 2.056 за едно деноноќие, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, починаа уште шест лица, а приклучени на апарати се 135 пациенти, …

Во Грција првпат регистрирани над 2.000 нови случаи на Ковид-19 Read More »

Бројот на заболени од Ковид-19 во болница надмина 700


Во болниците низ Македонија од Ковид-19 се лекуваат 702 пациенти, од кои на кислородна поддршка се 117, а на респиратор тројца. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 154 пациенти. На кислородна поддршка се 117 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се седум …

Бројот на заболени од Ковид-19 во болница надмина 700 Read More »

Аеродром прв по бројот на активни случаи, Карпош и Гази Баба веднаш зад него


Со денешните 447 нови случаи заболени со Ковид-19 во Скопје, во моментов во главниот град има 4.584 болни од корона вирус. Најмногу активни случаи во Скопје има во Аеродром 788, а следуваат Карпош со 682 и Гази Баба со 671. Над 500 има и во Центар – 592 и во Кисела Вода – 588. Нераспределени …

Аеродром прв по бројот на активни случаи, Карпош и Гази Баба веднаш зад него Read More »

Митинзите на Трамп поврзани со повеќе од 700 смртни случаи од Ковид-19


Работниот документ на Универзитетот Стенфорд го испитува влијанието на 18 митинзи одржани меѓу 20 јуни и 30 септември   Митинзите на претседателот Доналд Трамп меѓу јуни и септември може да предизвикаа околу 30.000 инфекции со корона вирус и повеќе од 700 смртни случаи, покажува новото истражување на економистите од Универзитетот Стенфорд. Работниот документ, објавен доцна …

Митинзите на Трамп поврзани со повеќе од 700 смртни случаи од Ковид-19 Read More »

Собранието в понеделник ќе ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот


Собранието ја заврши денешната расправа по Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на државниот Буџет за 2020 година, односно вториот ребаланс за годинава, кој според власта е потребен за справување со вториот бран од пандемијата со Ковид-19 и за ефектуриање на четвртиот пакет антикризни мерки во висина од 470 милиони евра. Расправата, како што кажа …

Собранието в понеделник ќе ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Постојат 1085 причини за Филипче да си даде оставка


ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш побараа оставка од министерот за здравство, Венко Филипче, веднаш по рекордниот број на заразени – 1085. Токму толку причини, како што велат од опозицијата, постојат за Филипче да си поднесе оставка. „Бројката на заразени денес е 1085 лица. Постојат нови 1085 причини Венко Филипче да си поднесе оставка до утре изутрина.Непостапувањето …

ВМРО-ДПМНЕ: Постојат 1085 причини за Филипче да си даде оставка Read More »

Словачка за еден ден, бесплатно, тестираше над милион луѓе


Повеќе од милион Словаци денеска беа тестирани за коронавирус, како дел од огромната логистичка операција за тестирање на поголемиот дел од населението за време на викендот, во обид да се стави под контрола вирусот. Властите посочуваат дека амбициозниот план за тестирање на мнозинството граѓани над 10 години од 5,5 милиони жители е прв во земја …

Словачка за еден ден, бесплатно, тестираше над милион луѓе Read More »

(ВИДЕО) Зграда што „оди“ – како Кинезите преместија петкатница


Жителите на Шангај кои минаа низ источниот дел Хуангпу на почетокот на овој месец можеа да наидат на необична глетка – зграда што „оди“. Основното училиште старо 85 години беше целосно подигнато од земја и беше преселено со помош на новата технологија наречена „машина за одење“, пишува порталот БизЛајф, пренесува Блиц. Со цел да се …

(ВИДЕО) Зграда што „оди“ – како Кинезите преместија петкатница Read More »

Директорот што бараше донации на Фејсбук ќе добие амбулантно возило


Откако директорот на струмичката болница преку Фејсбук побара донација за ново болничко возило, се огласи пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов. Тој напиша на Фејсбук дека владата обезбедила возило за струмичката болница и дека тоа ќе пристигнело за два месеци. „ Во оваа пандемија, клучот е да бидеме одговорни и во интерес на граѓаните да делуваме …

Директорот што бараше донации на Фејсбук ќе добие амбулантно возило Read More »

Бројот на нови инфекции надмина илјада – 1.085


Како и што се очекуваше според бројките од последниве денови, бројот на новите инфекции од Ковид-19 во Македонија ја надмина психолошката граница од илјада  – таа во последните 24 часа изнесува 1.085. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.294 тестирања, а регистрирани се 1.085 нови случаи. Според градови, распоредот изгледа …

Бројот на нови инфекции надмина илјада – 1.085 Read More »

Предвременото гласање во САД веќе стигна до 90 милиони


Повеќе од 90 милиони Американци гласаа на претседателските избори во САД, според податоците од саботата „Проектот за избори на САД“ на Универзитетот во Флорида, поставувајќи ја сцената за највисока стапка на учество во последните еден век. Рекордното темпо, околу 65 отсто од вкупниот одѕив во 2016 година, го одразува интензивниот интерес за гласањето и изборот …

Предвременото гласање во САД веќе стигна до 90 милиони Read More »

И Австрија оди во карантин, ќе трае до крајот на ноември


Австрија најави ноќен полициски час и затворање на кафулињата, баровите и рестораните, освен услугата за испорака, бидејќи инфекциите со корона вирус се приближуваат кон, според владата, неодржливо ниво за нејзиниот болнички систем. Земјата имаше брза, сеопфатна и ефикасна блокада за време на првиот бран на инфекции во март, но не презеде слична акција дури и …

И Австрија оди во карантин, ќе трае до крајот на ноември Read More »

Како Бугарија му ги даде на „Газпром“ клучевите на Балканот


Добро чувана тајна беше дека „Газпром“, рускиот гигант за нафта и гас, ги стави положи рацете на клучните гасни приклучоци долж границите на Бугарија сè додека новинарската истрага не го обелодени ова   Додека европските институции веруваат дека ги поставиле вистинските правила за либерализација на енергијата и конкурентен пазар на гас, „Газпром“ ги постави картите …

Како Бугарија му ги даде на „Газпром“ клучевите на Балканот Read More »

Ковид-19: Црни рекорди на Балканот


Во изминатото деноноќие во Европа се регистрирани над 140 илјади нови случаи на коронавирус, со што бројот на позитивни на континентот, според податоците на Ворлдметерс сега изнесува  9.851.825. Како и во цела Европа, и на Балканот се разгорува епидемијата на корона вирус и секојдневно се бележат нови црни рекорди. Во Србија, тестирани се 9.531 примерок …

Ковид-19: Црни рекорди на Балканот Read More »

Принцезата Леонор од Шпанија наполни 15 години


Шпанија- Среќен роденден, принцеза Леонор! Шпанската кралска тинејџерка денес го слави својот 15-ти роденден. Најстарата ќерка на кралот Фелипе Шести и шпанската кралица Летиција и наследник на шпанскиот престол е родена на 31 октомври 2005 година во меѓународната болница Рубер во Мадрид. Леонор, чија титула е Нејзиното кралско височество, Принцезата на Астуриас, еден ден ќе …

Принцезата Леонор од Шпанија наполни 15 години Read More »

Бијонсе со три насловници за британскиот „Вог“


Англија– Поп-ѕвездата Бијонсе  е повторно во центарот на вниманието со модата. За декемврискиот број на британскиот Вог (достапен за дигитално преземање и на киосците во петок, 6 ноември) позира  не на една, не на две, туку на три посебни насловни страници, снимени од 21-годишниот Кенеди Картер, најмладиот фотограф што снимил насловница за Вог во Велика …

Бијонсе со три насловници за британскиот „Вог“ Read More »

Сидрото на финансиската стабилност


ИГОР ДАВКОВ Нашата земја е една од ретките земји во регионот која во изминатиот период од монетарното осамостојување до денес не доживеа класична банкарска криза   Во ниту едно законодавство, барем не во оние земји од западниот свет, не е напишано дека над поединечна банка не може да се отвори стечај доколку не ги исполнува …

Сидрото на финансиската стабилност Read More »