Бројот на нови инфекции надмина илјада – 1.085


Фото: Б. Грданоски
Како и што се очекуваше според бројките од последниве денови, бројот на новите инфекции од Ковид-19 во Македонија ја надмина психолошката граница од илјада  – таа во последните 24 часа изнесува 1.085.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.294 тестирања, а регистрирани се 1.085 нови случаи. Според градови, распоредот изгледа вака:
– Скопје 447
– Куманово 69
– Дебар 9
– Штип 39
– Прилеп 60
– Тетово 62
– Струга 14
– Велес 50
– Битола 28
– Охрид 18
– Кавадарци 20
– Гостивар 35
– Гевгелија 29
– Струмица 80
– Крива Паланка 10
– Радовиш 9
– Крушево 3
– Кочани 13
– Пробиштип 10
– Демир Хисар 2
– Македонски Брод 1
– Берово 2
– Валандово 6
– Виница 4
– Делчево 10
– Кратово 4
– Свети Николе 5
– Кичево 30
– Ресен 4
– Неготино 12
Починаа 12 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 68 и 52), еден од Куманово (27), тројца од Прилеп (81, 82 и 49), двајца пациенти од Тетово (87 и 77), еден од Битола (84), еден од Кавадарци (67) и еден пациент од Гостивар (65). Сите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 283 оздравени пациенти од:
– Скопје 142
– Куманово 8
– Штип 7
– Прилеп 11
– Тетово 21
– Велес 6
– Битола 13
– Кавадарци 18
– Гостивар 6
– Гевгелија 9
– Струмица 11
– Крива Паланка 1
– Радовиш 1
– Крушево 1
– Кочани 7
– Пробиштип 1
– Берово 1
– Валандово 2
– Виница 1
– Свети Николе 1
– Кичево 10
– Неготино 5
Досега во земјата се направени вкупно 249.399 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 31.572, бројката на оздравени пациенти е 20.731, на починати е 994, а бројот на активни случаи изнесува 9.847.