Аеродром прв по бројот на активни случаи, Карпош и Гази Баба веднаш зад него

Фото: Б. Грданоски

Со денешните 447 нови случаи заболени со Ковид-19 во Скопје, во моментов во главниот град има 4.584 болни од корона вирус.

Најмногу активни случаи во Скопје има во Аеродром 788, а следуваат Карпош со 682 и Гази Баба со 671. Над 500 има и во Центар – 592 и во Кисела Вода – 588.

Нераспределени по општини се уште 105 случаи.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје).

• Чаир – 233
• Гази Баба – 671
• Аеродром – 788
• Карпош – 682
• Центар – 592
• Кисела Вода – 588
• Ѓорче Петров – 388
• Бутел – 227
• Шуто Оризари – 48
• Студеничани – 20
• Сарај – 35
• Арачиново -9
• Илинден – 101
• Сопиште – 40
• Чучер Сандево – 24
• Петровец –30
• Зелениково -16
• Странец – 41
• Нераспределен- 105.