(Видео) Полицијата го фати осомничениот кој, во Лион, застрела грчки свештеник со сачмарка

Во францускиот град Лион, непознат напаѓач застрела 52-годишен свештеник пред грчката православна црква „Свети Лазар“.

Според „Ле Паризиен“, напаѓачот пукал од скратена ловечка пушка и испукал најмалку два истрела.

На свештеникот му била укажана прва помош на самото место, по што бил пренесен во болница, каде лекарите се борат за неговиот живот. Француските медиуми наведуваат дека тој бил погоден во црниот дроб.

Нападот се случил околу 16 часот кога свештеникот ја затворил црквата. Напаѓачот му пришол пред црквата и отворил оган од сачмарката.

Напаѓачот бил со часови во бегство, а го барале голем број тешко вооружени полицајци. Локален обвинител потврди дека еден осомничен е уапсен во Лион, иако сè уште нема потврда дека станува збор за напаѓачот.

Француските власти не рекоа ништо што сугерира дека станува збор за тероризам. Обвинителството за антитероризам не е вклучено во истрагата, како што е вообичаено кога постои сомневање за тероризам, објави француската телевизија БФМТВ.

Извор од полицијата рекол дека тој бил свештеник од грчка националност и дека во Брзата помош рекол дека не го познава напаѓачот. Претставник на грчката влада соопшти дека името на свештеникот е Николаос Какавелакис.

Францускиот премиер Жан Кастекс, кој бил на пат кон Сент Етјен ду Рувр, објави дека веднаш се враќа во Париз. На местото на настанот пристигна и градоначалникот на Лион, Грегори Дашет.

Нападот се случува три дена по убиството на три лица во нападот во црквата Нотр Дам во Ница.

Франција е во состојба на готовност поради опасност од терористички напади по бруталното убиство на професорот Самуел Пети, кого го обезглави 18-годишен исламист од Чеченија на периферијата на Париз.

– Го осудуваме нападот врз православниот свештеник со грчко потекло во близина на црквата „Благовештение“ во Лион, Франција, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција.

Од грчкото МНР додаваат дека се во континуиран контакт со надлежните француски власти.