Бројот на заболени од Ковид-19 во болница надмина 700


Фото: Б. Грданоски
Во болниците низ Македонија од Ковид-19 се лекуваат 702 пациенти, од кои на кислородна поддршка се 117, а на респиратор тројца.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 154 пациенти. На кислородна поддршка се 117 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се седум позитивни и две суспектни деца на Ковид-19 и 11 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 21 прием, а вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респиратор се три пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 332 позитивни и сомнителни на Ковид-19.