ВМРО-ДПМНЕ: Постојат 1085 причини за Филипче да си даде оставка


ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш побараа оставка од министерот за здравство, Венко Филипче, веднаш по рекордниот број на заразени – 1085. Токму толку причини, како што велат од опозицијата, постојат за Филипче да си поднесе оставка.

„Бројката на заразени денес е 1085 лица. Постојат нови 1085 причини Венко Филипче да си поднесе оставка до утре изутрина.Непостапувањето и непреземањето на мерки е подеднакво лошо како и лошите мерки. Венко Филипче е одговорен и за едното и за другото.

Оставката на Филипче веќе не е политички став туку нужност за да се спасат животи.“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.