Бијонсе со три насловници за британскиот „Вог“


Англија– Поп-ѕвездата Бијонсе  е повторно во центарот на вниманието со модата.

За декемврискиот број на британскиот Вог (достапен за дигитално преземање и на киосците во петок, 6 ноември) позира  не на една, не на две, туку на три посебни насловни страници, снимени од 21-годишниот Кенеди Картер, најмладиот фотограф што снимил насловница за Вог во Велика Британија во нејзината 104-годишна историја.

Бијонсе, 39, на насловниците е различна но провокативна.

Бијонсе разговара за модата, семејството и филантропијата со главниот уредник на британскиот Вог, Едвард Енинфул.