Прв пат од почетокот на пандемијата во Германија скок на новорегистрирани автомобили


Бројот на регистрирани нови автомобили во Германија се зголемил во септември во споредба со истиот период минатата година, првпат од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците што ги објави германската влада.

Во септември беа регистрирани 265.227 нови возила, околу 8,4 проценти повеќе отколку во истиот месец минатата година, објави во понеделникот германската канцеларија за моторни возила (КБА), пренесува хрватскиот портал Индекс.

Главната причина, според здружението на авто-индустрија ВДА, е фактот дека новите построги глобални стандарди за издувни гасови стапија на сила минатиот септември, што поттикна да се регистрираат помалку нови автомобили.

Ова е поткрепено со фактот дека во септември се произведени 396.300 автомобили, 11 отсто помалку од една година порано.

Најслабо поминааа стандардните возила со мотори со внатрешно согорување кои се продадоа најмалку минатиот месец, додека побарувачката за електрични возила остана стабилна.

Се наведува дека во септември се регистрирани 21.188 возила со целосен електричен погон, речиси три пати повеќе отколку во истиот месец лани.

ВДА очекува дека оваа година во Германија ќе бидат регистрирани приближно една четвртина помалку нови автомобили отколку во 2019 година.