Психо-социјална поддршка за деца, млади и родители на телефонскиот број 072/912-676 

Во време на пандемија, психо-социјалната поддршка е најважна за зачувување на менталното здравје на децата, учениците и родителите. Во таа насока Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика во соработка со Универзитетската клиника за психијатрија воспоставија линија за помош на деца, млади и родители. 

Телефонскиот број 072/912-676 е достапен секој ден од 9 часот до 19 часот и на истиот, секое лице од посочените групи може да се обрати, да постави прашања и да добие стручни одговори за сегашната состојба и вирусот, како и совети за успешно справување со одредени предизвици и ситуации кои создаваат чувство на збунетост и вознемиреност.