Словенија со драстичен раст на новозаболени, Србија најмногу во последните 45 дена


Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 287 нови случаи на заразени со вирусот Ковид-19, па бројот на активни случаи денес е вкупно 1.588.

Меѓу нив се 334 пациенти на болничко лекување, од тоа 24 се на респиратор. Починале четири лица.

Во самоизолација моментално се наоѓаат 9.610 лица. До денес во Хрватска се тестирани 333.241 лица, од тоа 4.849 во последните 24 часа.

Драматичен скок на новозаболени бележи Словенија, каде се регистрирани двојно повеќе новозаболени во однос на вчера. Денеска има 189 нови инфекции, за разлика од вчера кога имаше 74. Починаа уште тројца.

Во Словенија од почетокот на епидемијата заразени се 6.764 луѓе, а a 159 починаа од Ковид-19.

Во Босна и Херцеговина регистрирани се нови 261 заболен од Ковид-19, а починаа дури 15 пациенти. Во Федерацијата се тестирани 1.714 примероци, а 198 биле позитивни. Во Република Српска тестирани се 428, а позитивни биле 63.

И Србија денеска бележи пораст на бројот на новозаразени, и тоа 120 од 7.076 тестирани. Почина и еден пациент. Ова е најмногу од 27 август наваму, кога беа забележани 125 нови случаи.

Вчера Србија имаше само 51 новозаболен.