Јапонија даде помош за здравствените институции во Македонија
Амбасадорката на Јапонија, ,Кеико Ханеда и вицепремиерот Никола Димитров потпишаа и разменија ноти за грант помош од 100 милиони јени (еквивалент на 813.000 евра) за итна помош на здравствените институции кои се справуваат со КОВИД-19.
Амбасадорката Ханеда, Димитров и министерот Венко Филипче ја потенцираа важноста на овој грант за време на пандемијата и долготрајното силно пријателство помеѓу Јапонија и Северна Македонија.
Овој грант во вредност од 813.000 евра е за набавка на медицинска опрема и има цел да ги зајакне капацитетите на болниците како КОВИД-19 помош, дополнително од редовните половина милион евра грант помош кои секоја година се доделуваат на болници, училишта и општини во Северна Македонија.
Во изминатите 3 години се потпишаа вкупно 30 проекти со кои се обезбедија речиси 3 милиони евра неповратна помош, вклучувајќи го и културниот грант за Македонската Опера и Балет.