Грција со црн рекорд – нови 284 случаи на Ковид-19


Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран нов, рекорден број нови случаи на Ковид-19, односно 284, највисока бројка од почетокот на епидемијата, јави дописничката на МИА од Атина. Според денешните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција починаа уште две лица, односно 242 од почетокот на епидемијата, а приклучен на апарати е […]

(Видео) Лукашенко со пушка во рака пристигна во резиденцијата во Минск


Кабинетот на белорускиот претседател деманитира дека хеликоптерот што слета пред Палатата на независноста требало да го евакиира Александар Лукашенко. Според Кабинетот, Лукашенко не е евакуиран туку со хеликоптер пристигнал во својата резиденција. На социјалните медиуми објавена е снимка како Лукашенко се симнува од хеликоптер, носи панцир, а во раката држи пушка. Претходно дел од белоруските […]

Силекс го „потопи“ Вардар за лидерско место на табелата во ПМФЛ


Екипата на Силекс е нов лидер во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево забележа убедлива победа на гостувањето кај Вардар. Три бода денес на своето конто додаде и Струга по минималната победа над Борец, додека во Битола, Пелистер и Работнички ремизираа. Резултати 3. коло ПМФЛ: Пелистер – Работнички 0:0 Струга Трим Лум – Борец 1:0 […]

Како песната на Виктор Цој од пред 33 години стана химна на протестите во Белорусија


Секој што ги следи протестите во Белорусија, мора да забележи дека меѓу демонстрантите упорно се провлекува една песна. Насловот на песната е „Сакам промена“ од Виктор Цој и зборува за чекањето да се случи промена, така што во неа можат да се најдат милиони луѓе низ источна Европа. За да го разбереме значењето на оваа […]

Димовски: Во пресудата не пишува Митревски да се врати на чело на ССМ


Актуелниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски во изјава за МИА вели дека слободно може да се спроведе одлуката на Вишиот управен суд на која денеска се повика поранешниот претседател на ССМ Живко Митревски. – Слободно нека ја спроведат пресудата на судот, но таа вели – да се врати назад на разгледување […]

Градината Роуз на Меланија Трамп готова: Новинарите први гости пред гласачите


САД (АП) – Градината Роуз на Меланија Трамп е готова токму кога вниманието на јавноста е свртена на кампањите за нов претседател на САД- Републиканецот Трамп или Демократот Џо Бајден. Првата дама Меланија Трамп ќе го одржи својот говор на републиканската Национална конвенција во вторник вечер од градината, која се наоѓа во близина  на Овалната […]

Јулија Тимошенко сериозно болна од Ковид-19


Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко е позитивна на Ковид-19 и е во сериозна состојба со треска, пренесува Ројтерс. Тимошенко (59), кој двапати служеше како премиер пред нејзиниот пораз на претседателските избори во 2010 година, стана првиот високо профилиран украински политичар за кој се знае дека има Ковид-19. „Нејзината состојба се оценува како сериозна, нејзината температура […]

Лавров: Нема начин да се докаже дека Лукашенко не победил на изборите


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во неделата изјави дека ќе биде невозможно да се докаже оти лидерот на Белорусија, Александар Лукашенко, не победи на изборите на 9 август во отсуство на меѓународни набљудувачи, јави новинската агенција Интерфакс. Тој исто така рече дека Москва повикува на започнување на вистински широк национален дијалог во Белорусија, […]

Лига на шампиони: Француско – германски фудбалски самит


Денешниот француски печат опширно се задржува на француско-германското финале меѓу ПСЖ и Баерн-Минхен во Лигата на шампионите, поради кое вечерва авенијата Шанзелизе ќе биде резервирана само за пешаците, јави дописникот на МИА. Францускиот печат зборува за „француско-германски самит“, тоа е насловот на спортскиот весник „Л’Екип“, кој насловот го придружува со фотомонтажа на која Килијан Мбапе […]

Во Србија 109 новозаразени, починаа тројца


Србија во последните 24 часа забележа 109 нови случаи на заразени со корона вирус, а три лица починаа. Тестирани се 6.939 примероци. Според податоците на министерството за здравство на респиратор се 46 пациенти, а во болница се 931 пациент. Од почетокот на епидемијата во Србија заразени се вкупно 30.657 лица, а починаа 689 пациенти. Досега […]

Претседателот на УЕФА сака да ја задржи шемата „Фајнал 8“ во евро-куповите


Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, изрази мислење дека шемата за плејоф во евро-куповите за еден натпревар изгледа ветувачка и организацијата треба да размислува за воведување на ваков систем следните сезони. Оваа сезона, поради пандемијата на коронавирус, натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа од четвртфиналето се играа по систем „Фајнал 8“, односно по […]

Живко Митревски најави враќање на чело на ССМ, добил на Вишиот управен суд


Поранешниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски денеска на прес-конференција соопшти дека Вишиот управен суд ја уважил неговата жалба. Тој очекува Централниот регистар да ја спроведе одлуката на судот и да го впише како легитимен претседател на ССМ. – Се покажа дека правдата во Република Македонија функционира, рече Митревски на прес-конференцијата. Митревски […]

Претседателката на Унијата на жени на Скопје бара оставка на Мицкоски


По вчерашната објава пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на повеќемина поранешни и сегашни функционери на партијата, во која се бара оставка на лидерот Христијан Мицкоски и свикување на вонреден конгрес, денеска јавно се обрати и претседателката на Унијата на жени на Скопје, Марина Кавракова. И таа бара оставка од Мицкоски. „Во декември 2017 година на вонредниот […]

Десетмина починати, 111 заболени и 159 излекувани од Ковид-19 во изминатите 24 часа во Косово


Во Косово во изминатите 24 часови починаа десетмина заболени од Ковид-19, со што бројот на жртви епидемијата на новиот коронавирус достигна до 467, објави попладнево во својот редовен дневен извештај Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК). По вчерашните деветмина починати, денеска продолжи неколкудневниот тренд на двоцифрена бројка на жртви на епидемијата, при што, […]

Директорот на „Мој термин“ позитивен на Ковид-19


Директорот на Управата за електронско здравство – Мој термин, Рефик Мустафа кој потпаѓа под министерството за здравство е позитивен на Ковид 19, а пет негови контакти со кои заедно работи ќе бидат 14 дена во самоизолација, пишува „Фокус“. Според нашите информации, в.д директорот се нашол на вчерашниот список на заразени од корона вирус, а на […]

Брат не може да го гласа министерот: пратеникот Флорин Бесими го врати мандатот


Не само можниот судир на интереси, туку и истенчување на парламентарното мнозинство за уште еден глас и сведеување на 61 во многу случаи се работите што го натераа Флорин Бесими, брат на Фатмир Бесими кој е предложен за министер за финансии, да го врати пратеничкиот мандат. Флорин беше избран од листата на ДУИ во Шестата […]

Продолжуваат антивладините протести во Минск


Во Минск денеска почна уште еден протест, што е најавен како најмасовен досега, а според аналитичарите можно е да биде и најнасилен. Еден белоруски новинар на Твитер објави дека во моментот на улиците на главниот град на Белорусија има повеќе од 250.000 луѓе, додека според проруските агенции бројот на демонстранти изнесува 70.000. На протестите им […]

Тетовец осомничен дека извршил обљуба врз три малолетнички


Три жени од тетовско село вчера во полициската станица во Тетово пријавиле дека 43-годишен соселанец извршил обљуба врз нивните малолетни ќерки. Со судска наредба полициски службеници извршиле претрес во домот на 43-годишниот Ф.А. каде пронашле пиштол „Ekol Firat Magnum“, една рамка со 13 куршуми кал. 9 мм, секира, три ножеви и други предмети, за кои […]

Доктор од болницата во која се лечи Навални: По симптомите може да кажам за кој отров се работи


Рускиот опозиционер Алексеј Навални се уште е во кома на интензивното одделение во болницата „Черити“ во Берлин, а во неговото лекување вклучен е цел тим лекари. – Врз основа на симптомите кои ги имаше Алексеј Навални можеме да кажеме дека се работи за труење многу слично на она кое го имаше пред две години Пјотр […]

(Видео) Големи поплави на црноморското крајбрежје на Турција, тројца загинаа


Три лица ги загубиле животите во поплавите предизвикани од обилните дождови на брегот на Црното Море во Турција, додека единаесет лица се сметаат како исчезнати, потврди министерот за внатрешни работи на оваа земја, Сулејман Сојлу. Сојлу соопштил дека надлежните органи спасиле 127 лица, пишува Асошиејтед Прес, додека едно од лицата кои загинале во поплавите бил […]