(Видео) Големи поплави на црноморското крајбрежје на Турција, тројца загинаа


Три лица ги загубиле животите во поплавите предизвикани од обилните дождови на брегот на Црното Море во Турција, додека единаесет лица се сметаат како исчезнати, потврди министерот за внатрешни работи на оваа земја, Сулејман Сојлу.

Сојлу соопштил дека надлежните органи спасиле 127 лица, пишува Асошиејтед Прес, додека едно од лицата кои загинале во поплавите бил полицаец.

Поради обилните дождови на турскиот брег на Црното Море и свлечиштата што започнаа, жителите од станбените блокови во провинцијата Риза биле евакуирани.

https://youtu.be/_U7LvepGdXo