Грција со црн рекорд – нови 284 случаи на Ковид-19


Воскресенувањето на вирусот главно е резултат на слабо почитување на протоколите за хигиена од страна на Грците, особено помладите генерации, кои ги поплавија баровите и плажите во последните неколку недели (Фото: АП)

Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран нов, рекорден број нови случаи на Ковид-19, односно 284, највисока бројка од почетокот на епидемијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Според денешните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција починаа уште две лица, односно 242 од почетокот на епидемијата, а приклучен на апарати е 31 пациент, од кои двајца се на возраст до 17 години.

Од 284-те нови случаи 17 се по направените тестови на влезните точки во земјата.

Од почетокот на епидемијата, заразени се вкупно 8.664 лица.