Силекс го „потопи“ Вардар за лидерско место на табелата во ПМФЛ

Екипата на Силекс е нов лидер во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево забележа убедлива победа на гостувањето кај Вардар.

Три бода денес на своето конто додаде и Струга по минималната победа над Борец, додека во Битола, Пелистер и Работнички ремизираа.

Резултати 3. коло ПМФЛ:
Пелистер – Работнички 0:0
Струга Трим Лум – Борец 1:0
Вардар – Силекс 0:4.

Одиграно претходно:
Македонија Ѓ.П. – Шкендија 0:1
Ренова – Академија Пандев 2:0
Беласица – Шкупи 0:2.

Табела: Силекс 7 бода, Шкупи 7, Шкендија 7, Ренова 5, Пелистер 5, Работнички 4, Борец 4, Струга 4, Македонија ЃП 3, Вардар 3, Академија Пандев 0, Беласица 0.