Шпанија со нови 2.489, починаа петмина


  Во Шпанија во последните 24 часа потврдени се 2.489 нови случаи на зараза со корона вирус. Вкупно се заразени 462.858 од почетокот на пандемијата, додека бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми за пет и изнесува 29.094. Откако првиот бран на пандемијата во голема мера се стави под контрола со строги мерки на […]

По шест месеци се враќа повторно „Мој термин“


Од утре граѓаните имаат можност да закажуваат „Мој термин“, кој досега поради вонредната состојба не функционираше. И Здравствен дом-Скопје, со сите негови служби, Итната медицинска помош, прераспределбата на интернисти во останатите градови во земјава како дополнување и помош на инфективните одделенија во болниците надвор од Скопје почнува да функционира исто како и пред епидемијата. Утре […]

Лидерите на црногорската опозиција се залагаат за експертска влада


 Лидерите на коалициите „За иднината на Црна Гора“, „Мирот е нашата нација“ и „Црно-бело“, Здравко Кривокапиќ, Алекса Бечиќ и Дритан Абазовиќ, денеска се договорија за повеќе принципи врз кои ќе се темели идната црнпгорска Влада, која ќе вклучува формирање експертска влада, како и измена, дополнување и ревизија на дискриминаторските закони и подзаконски акти, вклучувајќи го […]

Официјално: Ибрахимовиќ останува во Милан уште една сезона


Сагата за иднината на Златан Ибрахимовиќ во Милано заврши. Клубот официјално објави дека потпишале со нивната sвезда за уште една сезона. Се проценува дека платата на 38-годишниот напаѓач ќе изнесува 7 милиони евра. Тој ќе го носи бројот 11, со кој го освои Скудетото со „црвено-црните“ за време на неговиот прв период во тимот. Така, […]

Албанскиот шеф на дипломатијата му го честиташе изборот на Османи


Албанскиот овластен министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај му го честиташе изборот за нов шеф на македоснката дипломатија на Бујар Османи, изразувајќи подготвеност за зголемување на динамиката за членство во ЕУ. Цакај во објава на Фејсбук, напиша дека телефонски разговарал со „првиот албански дипломат на Македонија“ и оти со него на чело на […]

Што им порачаа стопанствениците на премиерот Заев и на економскиот тим на Владата


-Поважно прашање од економијата нема, беше пораката со која претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, ја отвори работната средба со премиерот Заев и министрите кои ги раководат економските ресори. Претседателот Азески констатираше дека предвидливоста на економските политики е од клучно значење за бизнисот, без оглед дали изгледите се позитивни или негативни. За компаниите […]

Трамп се закани со интервенција по насилствата во Портлaнд 


Претседателот Доналд Трамп вчера и денеска објави серија твитови со критика до градоначалниците на Портланд, сојузна држава Орегон и Кеноша, Висконсин, каде деновиве се случија насилни протести против полциското насилство и убиства.  Во Портланд, за време на демонстрациите во саботата загина едно лице.   Во Каноша, пак, се случија насилни протести откако полицаец за време […]

Во Москва претепан младиот блогер и жесток опозиционер, Јегор Жуков


Угледниот руски опозициски блогер Јегор Жуков е претепан во Москва, пишува Би-Би-Си. Неговите приврзаници објавија фотографија на Фејсбук од крвавото и отечено лице на Жуков. Нападот се случил вчера во близина на неговата куќа. Во декември минатата година, Жуков доби тригодишна условна казна за „поттикнување екстремизам“ и му беше забрането да работи веб-страници и платформи, […]

Шахпаска: Приоритет е новиот Закон за работни односи


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска, на првиот работен ден од преземањето на оваа функција, оствари средба со претставници на синдикатите во државата, на која се разговараше за досегашните политики и мерки кои се во надлежност на ова Министерство, а се однесуваат на унапредување на правата на работниците, почитување и нивна заштита,  […]

Царовска: Нудиме комбиниран модел за почеток на наставата


Владата нуди комбиниран модел за старт на учебната година и секаде кадешто се исполнети условите од протоколите коишто веќе се усвоени, наставата ќе може да започне со физичко присуство во училиштата, независно од одделението и возраста на децата, посочи министерката за образование и наука Мила Царовска по двата одделни состанока со претставници на Сојузот на […]

Вучиќ му го честиташе изборот на Заев за премиер


Српскиот претседател Александар Вучиќ преку својот профил на Твитер денеска му го честиташе изборот на Зоран Заев за премиер на Република Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. -Очекувам да ги потикнеме економските врски, како и соработката во другите области од заеднички интерес, а на добробит на граѓаните на Република Србија и Република Северна […]

Средношколците на протестот покажаа дека држат дистанца и носат маски


Стотина средношколци, попладнево се собраа пред зградата каде е сместено Министерството за образование, да го изразат своето незадоволство од одлуката на власта оваа учебна година наставата да се одвива онлајн, како заштита од ширење на корона вирусот. Тие, со танспаренти во рацете, некои и на англиски јазик, маршираа кон зградата на Владата во знак на […]

Нов албум на Давор Јордановски: Медитативната музика на „Арбор“ ќе ве однесе во некои други димензии


Новиот албум на македонскиот клавијатурист, кој долги години живее во Канада, Давор Јорданоски, веќе може да се слушне на радио брановите во Канада и Европа. Медитативната, опуштена енергија која Давор ни ја пренесува со „Арбор“ ќе ве однесе во некои други димензии. Оддавајќи почит кон великаните на клавијатури од 80-тите години на минатиот век, Вангелис […]

Завршија СВП: Траен мост на пријателство и соработка на луѓето без предрасуди


Со традиционалното поетско читање “Мостови” синоќа завршија 59-те Струшки вечери на поезијата. Почитувајќи ги протоколите за одржување на културни настани, СВП преку скратено и хибридно издание, и во вакви услови успеа да го одржи континуитетот на најстар поетски фестивал во светот. Годинашен добитник на Златниот венец на поезијата е израелскиот поет Амир Ор. Најпрестижното национално […]

Охридскиот суд ја прифатил гаранцијата на браќата Усеини


МАКЕДОНИЈА Охридскиот суд ја прифатил гаранцијата и им го укинал притворот на охридскиот советник и бизнисмен Нефи Усеини и неговиот брат, но обвинителството поднело жалби па Усеини остануваат во затвор да ја чекаат одлуката што треба да ја донесе битолска Апелација. Минатата недела браќата Усеини поднесоа гаранција за бидат пуштени од притвор, откако претходно истиот […]

Германија во дефлација во август, првпат во четири години


Потрошувачките цени во Германија паднаа во август на годишно ниво по првпат по повеќе од четири години како резултат на намалувањето на ДДВ, што беше една од мерките во владиниот пакет за стимулации за опоравување на најголемата европска економија од ефектите од епидемијата на коронавирус. Сојузниот Завод за статистика, Дестатис, денеска соопшти дека усогласената стапка […]

Мурињо не завршил со трансферите во Тотенхем


Новите засилувања на Тотенхем ќе му бидат на располагање на Жозе Мурињо за натпреварот против Локомотив (Пловдив). Тимот од Лондон ќе гостуваат на освојувачот на Купот на Бугарија во натпревар од второто квалификациско коло од Лигата на Европа. Спарси се активни на трансфер пазарот ова лето, иако не даваат големи суми за нови играчи. Тие […]

СЗО: Во повеќе од 90 отсто земји има нарушување на основните здравствени услуги


Во повеќе од 90 проценти од земјите, основните здравствени услуги се нарушени од пандемијата на Ковид-19, се наведува во истражувањето што денеска беше објавено од Светската здравствена организација. Влијанието на пандемијата на Ковид-19 врз основните здравствени услуги предизвикува голема загриженост, се наведува во истражувањето објавено од британските медиуми. Големите здравствени придобивки постигнати во последните две […]

Индустријата во јули произвела за 9,5 отсто помалку од истиот месец лани


Пад од 9,5 проценти на индустриското производство во јули годинава во однос на јули лани регистрира Државниот завод за статистика. Во првите седум месеци од годинава споредено со истиот период лани индустриското производство е намалено за 3,8 проценти. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јули годинава  во однос на […]

Министерот Хоџа вели ќе биде партнер на земјоделците и на откупувачите


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде партнер со земјоделците, а заедно со нив ќе биде и партнер со откупувачите за да можеме да го зајакнеме земјоделството како гранка, бидејќи од тоа зависи и развојот на економијата на нашата држава, порача новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа по преземањето на должноста […]