По шест месеци се враќа повторно „Мој термин“


Од утре граѓаните имаат можност да закажуваат „Мој термин“, кој досега поради вонредната состојба не функционираше. И Здравствен дом-Скопје, со сите негови служби, Итната медицинска помош, прераспределбата на интернисти во останатите градови во земјава како дополнување и помош на инфективните одделенија во болниците надвор од Скопје почнува да функционира исто како и пред епидемијата.

Утре вратите на амбулантите на ГОБ „8 Септември“ по пауза од шест месеци откако беше прогласен за прв Ковид-центар се отвораат за сите пациенти. Според специјалистите, закажаните термини преку електронскиот систем се пополнети за следните две недели.

Сите случаи кои не беа итни во Ковид-центрите беа одложени поради коронана пандемијата. Од „8 Септември“ велат дека за почеток ќе биде отворена по една амбуланта за секој оддел со строго почитување на протоколите

Прегледите ќе бидат ограничени на 30 минути и ќе има задолжително мерење на температура кај пациентот.

„8 Септември од утре ќе работи со максимум 55 ковид пациенти, а останатите ќе бидат префрлени во останатите инфективни одделенија.