Нов албум на Давор Јордановски: Медитативната музика на „Арбор“ ќе ве однесе во некои други димензии


Новиот албум на македонскиот клавијатурист, кој долги години живее во Канада, Давор Јорданоски, веќе може да се слушне на радио брановите во Канада и Европа.

Медитативната, опуштена енергија која Давор ни ја пренесува со „Арбор“ ќе ве однесе во некои други димензии. Оддавајќи почит кон великаните на клавијатури од 80-тите години на минатиот век, Вангелис и Жан Мишел Жар, Давор ги разбранува струите на тогашните субкултурни движења.

Давор е по потекло од Скопје, Македонија – можеби единственото место во Европа каде што најгласно се сретнуваат звуците на истокот и западот, и каде претопувањето на различни култури трае со векови, а секојдневието е исполнето со музика од сите краеви на светот. Оттука и влијанието на творештвото на Давор.

Пред почетокот на светската пандемија на коронавирус, во март, 2020 година, Давор го промовираше својот петти албум „Десет Пурпурни Ноктурна“ во замокот Ајви во Торонто. Со истиот материјал беа закажани концерти во повеќе градови на Канада и САД, како и мини турнеја во Македонија и соседните земји. Овие настани беа заменети со online настапи и видео-соработки со музичари од целиот свет, и истите сеуште се одржуваат.

На неговиот YouTube канал и Фејсбук страница се сите активности на овој исклучителен и важен македонски автор и инструменталист.

Албумот „Арбор“ на Давор Јордановски е достапен на сите дигитални платформи: SpotifyYouTube и Apple Music.

 

Spotify – https://open.spotify.com/album/3JaATxeN6cLOfHTDD2a2AC?si=xo-

9fWm3T4mEPfARTt1xzw

Youtube –

https://www.youtube.com/playlist?list=OLAK5uy_kTPYG5edsMnCtEQb_2NLb27

VOCcQWwHwQ

Apple Music – https://music.apple.com/ca/album/arbour/1521496267