„Кроација ерлајнс“ откажа над 80 отсто од летовите во септември


Хрватскиот авиопревозник „Кроација ерлајнс“ вкупно откажал над 80 отсто од летовите во периодот меѓу 1 и 21 септември годинава на меѓународните линии од Загреб, Сплит и Дубровник. Според објавениот распоред на летови, компанијата ќе продолжи со летовите до ист број дестинации како и во август, но откажувања на летовите има речиси на сите линии, пренесува …

„Кроација ерлајнс“ откажа над 80 отсто од летовите во септември Read More »

Вучиќ убеден дека Црна Гора ќе ја зачува стабилноста


Убеден сум дека Црна Гора ќе ги зачува стабилноста и мирот, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ на маргините на Бледскиот стратешки форум. Тој ги отфрли оценките изнесени од телевизијата Ал Џезира, дека Црна Гора може да биде нова точка на нестабилност во регионот на Западен Балкан по овие избори. Вучиќ посочува дека не може …

Вучиќ убеден дека Црна Гора ќе ја зачува стабилноста Read More »

Заев: Во новата Влада нема проблеми или предизвици од етнички карактер


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека во новата Влада нема проблеми или предизвици од етнички карактер. Апелираше да продолжи еднаквоста на застапеноста на сите заради тоа што, како што рече, само така ќе бидеме еднакви граѓани во едно општество во кое живееме. По средбата со претставници на четирите стопански комори, Заев најави дека Владата во …

Заев: Во новата Влада нема проблеми или предизвици од етнички карактер Read More »

Заев со бизнисмените: предвидлива економска политика и нови мерки за помош на стопанството


Владата во наредните четири години да се стави приоритет на економскиот аспект со цел да се излезе од состојбата поради ковид кризата, како и да работи на институционални реформи, ефикасно менаџирање на буџетот, борба против корупцијата, спречување на сивата економија и на иселувањето на младите, побараа бизнисмените од Стопанската комора на Македонија, МАСИТ и Комората …

Заев со бизнисмените: предвидлива економска политика и нови мерки за помош на стопанството Read More »

Петкратно зголемување на бројот на невработени во Русија


Бројот на официјално невработени во Русија во последните шест месеци е зголемен за пет пати, изјави денеска рускиот министер за труд Антон Котјаков. Во моментов во Русија официјално има 3,6 милиони невработени, споредено со 727.000 во март, соопшти Котајаков во изјава за руските медиуми. Руската економија бележеше пад на активноста и пред пандемијата на коронавирусот, …

Петкратно зголемување на бројот на невработени во Русија Read More »

На местото на Бочварски во градоначалничката фотелја на Штип седна Јане Миланов


ШТИП – Во свечен амбиент во аулата пред големата сала на Советот на општина Штип денес се одржа церемонијата на примопредавање на функцијата градоначалник на Штип. Благој Бочварски стана министер за транспорт и врски со што градоначалничкото место во Штип остана упразнето. Согласно Законот за локална самоуправа градоначалникот Бочварски го назначи Јане Миланов за заменик-градоначалник. …

На местото на Бочварски во градоначалничката фотелја на Штип седна Јане Миланов Read More »

Од јануари задолжително пензионирање на лицата над 64 години


Од наредниот месец треба да почне процесот за донесување нов закон за пензионирање согласно кој во пензија ќе мора задолжително да одат сите лица со навршени 64 години. Исклучок од ова се здравствените работници – лекари и медицински персонал, како и кадри од областа на високото образование. Како што најави денеска премиерот Зоран Заев, законот …

Од јануари задолжително пензионирање на лицата над 64 години Read More »

Балтичките земји воведоа санкции за Лукашенко и други белоруски функционери


ВИЛНУС – Литванија, Летонија и Естонија во понеделникот воведоа патни забрани за претседателот Александар Лукашенко и 29 други белоруски официјални претставници, во акција за наметнување санкции пред остатокот на ЕУ. Трите балтички држави се на чело на повиците до Западот да преземе поцврсти активности против Лукашенко, кој е обвинет дека ги лажирал изборите за да …

Балтичките земји воведоа санкции за Лукашенко и други белоруски функционери Read More »

Општина Аеродром ослободи одредени категории родители од плаќање месечен надоместок за градинка


Општина Аеродром ослободи одредени категории родители од месечен надоместок за престојот на нивните деца во детските градинки, за период од 1.9.2020 до 31.12.2020 година. Со одлуката, изгласана на денешната седница на Советот на Општина Аеродром, од плаќање месечен надоместок се ослободуваат следните категории родители: – Родители на три деца запишани во градинката, се ослободуваат од …

Општина Аеродром ослободи одредени категории родители од плаќање месечен надоместок за градинка Read More »

Србија со само 41 новозаразен од речиси 6.000 тестови


  Во последните 24 часа во соседна Србија регистрирани се само 41 нов случај на заразени од корона вирус, од тестирани 5.829 примероци. Во моментот во болница се лекуваат 638 пациенти, а од нив 47 се на респиратор. Во Србија од почетокот на епидемијата регистрирани се 31.406 случаи со корона вирус. Од последиците од Коивд-19 …

Србија со само 41 новозаразен од речиси 6.000 тестови Read More »

За првпат после 10 години во Битола нема училиште со блокирана сметка


Општинската власт, во која мнозинство има СДСМ, за три години врати долгови од 4,4 милиони евра   Анета Блажевска БИТОЛА – За првпат после 10 години Советот на Општина Битола гласаше за училишта без блокирани сметки. Градоначалничката Наташа Петровска за неполни три години успеа да врати речиси 4,4 милиони евра долг наследен во основните и …

За првпат после 10 години во Битола нема училиште со блокирана сметка Read More »

Општина Битола со над милион денари ги поддржа концертите на Бебек и на Грашо


Општина Битола со соопштение до јавноста информира дека оваа година за поддршка на јавни културни настани во градот, од буџетот на локалната самоуправа издвоени се 3,8 милиони денари. Со средства од општината финансики поддржани се концертите на групите „Галија“ и „Нокаут“, поп-ѕвездата Петар Грашо, како и трите концерти на Авалон-продукција кои во Битола ги одржаа …

Општина Битола со над милион денари ги поддржа концертите на Бебек и на Грашо Read More »

Недела на новиот германски филм од 1 до 7 септември во Кинотека


По завршувањето на прикажувањата во Струга„ Неделата на новиот германски филм утре ќе продолжи во Скопје, во Летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката, каде што посетителите ќе може да ги гледаат најновите остварувања на германската кинематографија. Програмата утревечер во 20 часот ќе биде отворена со филмот „Undine“ на режисерот Кристијан Петцол, а до 7 септември …

Недела на новиот германски филм од 1 до 7 септември во Кинотека Read More »

НЛБ Банка на дресовите на европскиот ракометен шампион РК Вардар 1961


Една од нашите најголеми банки НЛБ Банка и двократниот, а воедно и актуелен шампион на Европа и повеќекратен освојувач на македонската ракометна Супер лига и на Mакедонскиот супер куп, „РК Вардар 1961“ склучија договор за спонзорство за тековната спортската сезона 2020/2021. Ова партнерство ќе го донесе логото на НЛБ Банка на дресовите на европскиот ракометен …

НЛБ Банка на дресовите на европскиот ракометен шампион РК Вардар 1961 Read More »

Педесет земјоделци се обучуваат за примена на современи агроеколошки мерки


Педесет грантисти, кои учествуваат во проектот „Управување со сливот на река Струмица“, се обучуваат на терен за примена на современи агроеколошки мерки. -На овие обуки експерти од областа на овоштарството, градинарство, почви, наводнување и заштита им даваат стручни совети на земјоделските производители со цел подобрување на квалитетот на земјоделските производи и приносот со истовремено намалување …

Педесет земјоделци се обучуваат за примена на современи агроеколошки мерки Read More »

(Видео) Тројца загинаа во експлозии во ресторани во Абу Даби и во Дубаи


  Тројца загинаа , а неколкумина се повредени во две одвоени експлозии во престолнината на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби и во туристичкото средиште, Дубаи, наведуват полицијата и локалните медиуми. Владината канцеларија за односи со медиуми во Абу Даби соопшти дека две лица загинале во експлозијата која се случила во ресторанот Ка-еф-це во улицата „Рашид …

(Видео) Тројца загинаа во експлозии во ресторани во Абу Даби и во Дубаи Read More »

За 4,6 проценти помалку работници во индустријата од јануари до јули годинава


Бројот на работниците во индустријата во јули годинава во однос на јули минатата година е намален за 6,2 проценти. Во првите седум месеци од годинава споредено со истиот период лани има намалување за 4,6 проценти на работниците во индустријата, објави денеска Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен …

За 4,6 проценти помалку работници во индустријата од јануари до јули годинава Read More »

ФТ го честита изборот на новите министри за финансии и труд и социјална политика


Finance Think го честита изборот на новите министри за финансии и труд и социјална политика. Според ФТ главниот предизвик на новиот министер за финансии е санирање на последиците од пандемијата врз економијата и јавните финансии, со цел ублажување на очекуваниот економски пад за 2020 и обезбедување план за понатамошно прудентно менаџирање на буџетот. Притоа, наведуваат …

ФТ го честита изборот на новите министри за финансии и труд и социјална политика Read More »

УЈП: Заокружена исплатата на ДДВ на физички лица за второто тримесечје од годинава


Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека ја заокружи исплатата на повратот на дел од ДДВ искажан во фискалните сметки на физичките лица, за второто тримесечје. -Во месеците април, мај и јуни 2020 година 304472 лица скенирале 41.650.814 фискални сметки со што е остварен промет од 21.414.380.426 денари. За ова тримесечје исплатен е поврат од …

УЈП: Заокружена исплатата на ДДВ на физички лица за второто тримесечје од годинава Read More »

Маричиќ: Модел за прочистување на правосудството во првите сто дена


Крупни реформски потфати во првите сто дена од својот мандат за ефикасно и објективно прочистување и деполитизација на судството и обвинителството, најави новиот министер за правда Бојан Маричиќ при денешото примопредавање на функцијата од досегашната министерка Рената Дескоска. Честитајќи му ја функцијата министер за правда, досегашната министерка Дескоска истакна дека очекува, се надева и верува …

Маричиќ: Модел за прочистување на правосудството во првите сто дена Read More »