Србија со само 41 новозаразен од речиси 6.000 тестови


 

Во последните 24 часа во соседна Србија регистрирани се само 41 нов случај на заразени од корона вирус, од тестирани 5.829 примероци.

Во моментот во болница се лекуваат 638 пациенти, а од нив 47 се на респиратор.

Во Србија од почетокот на епидемијата регистрирани се 31.406 случаи со корона вирус. Од последиците од Коивд-19 починаа 713 лица.